6 работи поради кои вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди
Одењето на гинеколог може да биде многу стресно. Ви поставуваат секакви прашања за вашата сексуална историја и вашите интимни делови се целосно изложени пред некој странец. Сигурно сте се запрашале што им поминува низ на глава на докторот чие лице е толку блиску до вашата вагина. Со цел да го намалите стресот, дознајте кои се работите поради кои вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди…
1. Вашата сексуална ориентација
На докторите воопшто не им е важно дали сте геј, стрејт или експериментирате, само сакаат да знаат што сте за да можат да ви дадат соодветни информации. Тие не би сакале да го трошат нивното скапоцено време на разговори за заштита од бременост и контрацепција, ако тоа не ве засега или не ви треба.
2. Бројот на вашите сексуални партнери
На гинеколозите не им е важно со колку луѓе сте спиеле, но го поставуваат ова прашање за да знаат која е веројатност да заболите од полово преносливи болести. Ако имате повеќе сексуални партнери, ризикот од полово преносливи болести е значително зголемен. Тие треба да ја знаат оваа бројка за да можат да ја прилагодат терапијата на вашите потреби и вашиот животен стил.
3. Дали сте имале абортус
Нормално дека е стресно некој да ве праша дали сте имале абортус, но бидете сигурни дека тие нема да ве осудуваат поради вашиот избор, туку само сакаат да знаат дали тоа влијае на вашето сексуално и емоционално здравје. Тие само се фокусираат на медицинскиот и хируршкиот аспект на абортусот. На пример, понекогаш постојат последователни ризици за идната бременост или други емоционални влијанија. Тоа е информација која треба да ја имаат.
4. Дали употребувате тампони или влошки кога имате менструација
На гинеколозите воопшто не им е важно што користите, но треба да знаат, затоа што употребата на тампони го зголемува ризикот да имате токсичен шок. Ако употребувате влошки, тоа нема да биде проблем.
5. Дали имате срамни влакненца
Докторите тврдат дека не им е гајле дали имате израснато цела грмушка или сте потполно ќелави таму долу. Тоа не им менува апсолутно ништо.
6. Дали сте ги депилирале нозете и дали сте биле на педикир пред прегледот
Навистина е стресно чувството дека мора да изгледате како мазна, педикирана кукла секогаш кога одите на доктор. Некои од нас сѐ уште сметаат дека мора да биде така. Вистината е дека тие воопшто не забележуваат дали сте биле на депилација или на педикир.
Најважно од сѐ кога ќе отидете на гинеколошки преглед е да бидете искрени. Докторите се тука за да ви помогнат, а не да ве осудуваат.
Mozevte barem da pisete deka e prevzemeno od Snapchat. Od takvi kako vas pati Makedonija.