6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни

6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни

Мора да признаеме дека на жените не им е лесно во современото општество. Тие се соочуваат со многу очекувања поставени од страна на општеството, семејството, како и од самите себе. Од нив се очекува да созреат, да се омажат, да основаат семејство и да родат дете, а истовремено да имаат добро платена работа и да изгледаат како супермодели. Тие постојано се наоѓаат под голем притисок.

6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни

Стравот и анксиозноста што владеат со нашата генерација, особено со жените, нѐ спречуваат да бидеме среќни. Треба да се ослободиме од тие стравови за да си го подобриме животот. Ова се 6-те најголеми ментални блокади со кои модерните жени секојдневно се соочуваат…

1. Мислат дека мораат да бидат совршени за да ја заслужат љубовта

Уште од рана возраст жените ги учат дека треба да се вклопуваат во општествените рамки за да добијат љубов и пофалби. Тие мислат дека постојано мораат да бидат совршени. Се плашат да покажат слабост и затоа не ги прифаќаат предизвиците кои би можеле да завршат неуспешно и не го покажуваат нивното вистинско лице. Жените треба да разберат дека е невозможно да се биде совршен. Тие заслужуваат љубов по секоја цена.

2. Мислат дека постојано треба да бидат реални

Жените како да ја имаат изгубено способноста да размислуваат на големо. Тие научија да се помируваат со она што им е удобно и сигурно. Одбираат реалистични училишта, реалистични кариери, реалистични партнери и реалистични животи. Дали треба цело време да живеете со главата во облаците? Секако дека не. Но, ако верувате дека можете да имате прекрасен живот, а не само доволно добар, дали ќе бидете подготвени да преземате ризици и да уживате во стекнатиот успех? Апсолутно!

3. Не знаат кои се и што навистина сакаат

Дали некогаш сте посветиле време за вистински да се спознаете себеси? Дали некогаш сте се запрашале што навистина ви значи? Ако направите анализа на вашите вредности и избори врз основа на вашиот живот моментално, ќе сфатите дека многу од нив не се лично ваши. Направете листа на сите работи што мислите дека треба да ги направите во текот на животот. Потоа, напишете од кого или од каде ви дошла идејата за нив. Дали тоа е нешто што навистина го сакате или само се обидувате да исполните нечии очекувања? Направете листа на сите нешта што ве инспирираат и ве прават среќни. Тоа се вашите вистински вредности.

6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни

4. Се чувствуваат заглавени во лошите навики

Овие лоши навики се последица на тоа што не живеете во согласност со вашите суштински вредности. Можеби не сакате повеќе да излегувате за викенди и да пиете премногу. Но, некако не можете да престанете со тоа. Сетете се дека анксиозноста се појавува во моментот кога знаеме дека можеме да постигнеме повеќе, но се плашиме да преземеме нешто во врска со тоа. Лошите навики продолжуваат затоа што ни го одвлекуваат вниманието од тие чувства. Ни помагаат да заборавиме за момент дека не се чувствуваме исполнето. Кога ќе ги одредите вашите вистински вредности и ќе почнете да дејствувате во согласност со нив, лошите навики ќе исчезнат бидејќи ќе успеете да ја пополните празнината со нешто навистина значајно.

5. Се плашат да побараат помош

Повторно сѐ се сведува на потребата да се биде совршен. Како да побарате помош кога мислите дека мора да бидете совршени? Кога барате помош ви се чини како да ги признавате вашите недостатоци. Но, никогаш не заборавајте дека совршенство не постои. Можете да се поштедите себеси од многуте години поминати во фрустрација и ниска самодоверба, само ако ја побарате помошта што ви треба за да тргнете напред.

6. Не знаат како да се сакаат себеси

Жените постојано се споредуваат едни со други и се чувствуваат лошо поради тоа што не се совршени. Го кријат своето вистинско лице од светот, како тој дел од нив да не е доволно добар. Сигурно сте ја чуле изреката: „Нема да можеме да сакаме целосно, додека не научиме да се сакаме себеси“. Тоа е навистина така.

Современата генерација на жени е многу моќна, способна и влијателна. Време е да ја искористите таа моќ и да го исполните целиот потенцијал што го носите во себе. Веднаш штом се ослободите од овие ментални блокади, ќе можете да живеете среќен, здрав и исполнет живот каков што отсекогаш сте посакувале. Вие го заслужувате тоа!

Фактот дека 2016-та година беше успешна година за сите жени во светот нека ви послужи како инспирација за да го извлечете максимумот од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар