6 изненадувачки факти за Микеланџело - Part 2

6 изненадувачки факти за Микеланџело

4. Не сакал да ги потпишува неговите дела

6 изненадувачки факти за Микеланџело

Интересно е што Микеланџело има потпишано само едно негово дело. Откако дошол во Рим, бил замолен да ја направи „Пиета“. Ова е сцена што ја прикажува Дева Марија како го оплакува Исус, а скулптурата била завршена во 1499-та година и сега се наоѓа во базиликата Свети Петар. За да ја покаже неговата гордост за делото, на градите на Марија, Микеланџело додал и појас кој најверојатно е потпис. На појасот пишува MICHAELANGELUS BONAROTUS FLORENTINUS FACIEBAT (Микеланџело Буонароти од Фиренца го направи ова).

Наводно, уметникот го додал својот потпис после наплив на љубомора, откако слушнал дека некој му го припишува делото на друг уметник. Подоцна зажалил за ова и се заколнал дека нема да потпише ниту едно друго негово дело.

5. Не секогаш бил лесен за справување

6 изненадувачки факти за Микеланџело

Неверојатната креативност и перфекционизам го направиле Микеланџело познат уште додека бил жив, но овие карактеристики истовремено и ги полудувале луѓето. За разлика од другите уметници, како Рафаело, Микеланџело бил проблематична личност. Причината најверојатно е што немал големо студио асистенти, што било нормално тој период, и сакал сам да прави сè.

Поради ова не му било страв да истапи пред важните луѓе кога чувствувал дека ѝ се закануваат на неговата креативност. Овде спаѓа и папата Јулиј II кој го присилил уметникот да го нацрта таванот на Систинската капела, наместо да му дозволи да се фокусира на скулптурите за гробницата на папата, нешто што Микеланџело сакал да го прави.

Исто така луѓето знаеле дека не е паметна одлука да му се спротивстават на уметникот. Кога еден свештеник го критикувал неговото дело за време на разгледување на познатата фреска „Страшниот суд“, подоцна открил непријатно изненадување. Микеланџело го искористил лицето на свештеникот на телото на суштество од пеколот.

6. Бил зависник од работа, но се исплатило

6 изненадувачки факти за Микеланџело

Микеланџело живеел долг живот и починал на 88-годишна возраст. Како што стареел, никогаш не забавил и ги поминал последните децении од животот како архитект за базиликата Свети Петар. Додека бил на таа позиција, продолжил и со правење скулптури.

Како познат уметник со долга кариера, не е изненадувачки што Микеланџело умрел како богат човек. Тој работел со 9 различни католички папи. По смртта тој оставил богатство колку денешни 30-45 милиони евра. Интересно е што и покрај ова богатство, Микеланџело не се однесувал така. Изјавил дека мразел да се бања и се гордеел на неговиот скромен живот.

Дали знаете кои се најголемите мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар