5 зен приказни што во себе кријат важни животни лекции

5 зен приказни што во себе кријат важни животни лекции

Коан е еден вид апсурдна приказна која е понекогаш тажна, понекогаш збунувачка, но најчесто е многу смешна. Всушност, не може точно да се дефинира. Коан е како парабола со отворена интерпретација. Прочитајте ги следниве зен приказни кои ќе ве наведат на размислување и ќе ви ги прошират хоризонтите…

5 зен приказни што во себе кријат важни животни лекции

1. Буда со црн нос

Калуѓерка, која трагала по просветление, направила статуа од Буда и ја покрила со златен лист. Каде и да одела, го носела овој златен Буда со неа.

Поминале години и сѐ уште носејќи го Буда, калуѓерката почнала да живее во мал замок во земја каде што имало многу статуи од Буда и секоја од нив имала свое сопствено светилиште.

Калуѓерката сакала да запали темјан пред нејзиниот златен Буда. Не ѝ се допаѓала идејата дека мирисот ќе се прошири и кон другите, па таа направила инка низ која чадот допирал само до нејзината статуа. Ова го зацрнило носот на златниот Буда и тој изгледал многу грдо.

Животна лекција: Ако гледате само за себе, секогаш ќе бидете незадоволни од резултатите.

Како да ја примените лекцијата? Размислете колку често мислиме само на себе, на нашите пријатели, семејство, поткултури и култури. Со други зборови, можеби сме задоволни од нашите дела, но воопшто не се трудиме да ги разбереме или да дознаеме повеќе за многубројните различни општествени групи околу нас. Не само што ова ќе ве одведе до несреќен живот без простор за напредок, туку и ќе го ограничи вашиот ум и ќе ве направи нетолерантни кон туѓите верувања и вредности.

2. Точна пропорција

Сен но Рикју, експерт за чај, сакал да закачи кошница со цвеќе на еден столб. Побарал помош од дрводелецот и го насочувал човекот дали да ја стави кошницата повисоко или пониско, десно или лево, додека конечно не го нашол вистинското место.

„Тоа е вистинското место!“, извикал конечно.

За да го тестира експертот, дрводелецот го означил местото и потоа се преправал дека го заборавил.

„Ова беше местото? Да не беше ова, можеби?“, продолжувал да прашува дрводелецот, покажувајќи кон различни места на столбот.

Но, чувството за пропорција на експертот за чај било толку прецизно што кога дрводелецот покажал повторно на истото место, тој ја препознал локацијата.

Животна лекција: Секогаш треба да знаете кои се вашите цели во животот.

Како да ја примените лекцијата? Ако експертот за чај го немал чувството за пропорција да го води кон неговата цел, дрводелецот многу лесно ќе успеел да го збуни експертот. Оваа приказна е метафора за луѓето во нашите животи кои иако се грижат за нас, треба да сфатат дека ние самите знаеме што е најдобро за нас. За да им го докажеме тоа ним, но и себеси, мора да знаеме која е целта што сакаме да ја постигнеме.

5 зен приказни што во себе кријат важни животни лекции

3. Највредното нешто во светот

Созан, кинески Зен мастер, добил прашање од еден ученик:

„Кое е највредното нешто во светот?“

„Главата на мртва мачка“, одговорил мастерот.

„Зошто главата на мртва мачка е највредното нешто на светот?“, прашал ученикот.

„Затоа што никој не може да ја одреди нејзината вредност“, одговорил Созан.

Животна лекција: Работите кои имаат вистинска вредност не можат да бидат одземени.

Како да ја примените лекцијата? Сите ние ги цениме нештата што не му служат на нашиот развој. Кога последен пат сте ја расчистиле куќата од работите што не ги користите секој ден? Истото се однесува и на токсичните врски, лажните пријатели и лошите навики. Вредноста има субјективно значење за секој човек и многу е важно самите да ја одредите вредноста на предметите и врските од кои имате корист.

4. Нема работа, нема храна

Хјакујо, кинески Зен мастер, работел со неговите ученици дури и на возраст од 80 години, ги средувал градините, ја чистел земјата и ги поткаструвал дрвјата.

На учениците им било жал кога го гледале стариот учител како работи толку напорно, но знаеле дека нема да ги послуша ако му кажат да престане, па затоа му ги скриле алатките.

Тој ден, мастерот не јадел. И наредниот ден не јадел, ниту следниот.

„Можеби се лути затоа што му го скривме алатот. Подобро да го вратиме назад“, заклучиле учениците.

Дента кога го вратиле алатот, учителот работел и јадел исто како и претходно. Вечерта им го кажал следново:

„Нема работа, нема храна.“

Животна лекција: Го добиваме она што го даваме.

Како да ја примените лекцијата? Не само што стариот учител не ги прифатил незаслужените подароци, туку и сфатил дека со тоа што нема да дејствува, рамнотежата во општеството ќе биде сочувана. Сите ние имаме одговорности, но кога ќе преземеме некоја одговорност, не смееме да бидеме алчни за да можат и другите да извлечат корист од нивната работа.

5. Соопштение

Танзан напишал 60 поштенски картички на последниот ден од неговиот живот и го замолил неговиот придружник на да ги испрати. Потоа починал

Во картичките во пишувало следново:

„Си заминувам од овој свет.

Ова е моето последно соопштение.“

Танзан

27 јули, 1892

Животна лекција: За да бидеме спокојни, мора да им овозможиме и на другите да бидат спокојни.

Како да ја примените лекциата? Најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашите сакани е да ги увериме дека не треба да се грижат за нас. Спокојот доаѓа во многу форми, но понекогаш пораката за која сме најблагодарни е наједноставната.

Во продолжение прочитајте ги и овие вистински приказни за добрината, љубовите и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар