5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот
Верувале или не, веројатноста дека веќе сте запознале психопат во својот живот е огромна. Иако во филмовите сите се претставени како сериски убијци, во реалниот живот не е така. Но, сите оние останати карактеристики се тука. Тие се фини, љубезни и прават да се чувствувате убаво и сигурно. И тоа што не го гледате е дека сè е манипулација на неверојатно високо ниво.
Истражувања покажуваат дека 1% од светската популација се психопати или потенцијални психопати и тоа поголемиот дел од нив се мажи. Иако звучи како болест, сепак станува збор за антисоцијално нарушување на личноста предизвикано од различни фактори. Неверојатно е тешко да забележите дека си имате работа со психопат, но можеби следниве 5 изразени показатели ќе ви помогнат во тоа.
1. Тие лесно шармираат
Никој нема да направи да се чувствувате добро и убаво како што тоа може да го направи психопатот. Тој ќе ве шармира и придобие, ќе ве насмее и ќе биде добар и фин. Сето ова прави да е скоро невозможно да забележите дали е некој психопат или не. Без разлика на фактот што немаат никакви чувства, способни се да ја стават на себе маската на харизмата и да ја придобијат секоја личност во собата.
2. Тие не се каат за ништо
Не само што нема да се покаат за ништо, туку веројатноста е дека после тоа што го направиле некому да следи и коментар од типот на „го заслужи тоа”. Тие се способни да навредат, повредат, манипулираат, излажат и намамат секого, притоа не чувствувајќи ни трошка вина или жал. Ова е еден од највпечатливите показатели дека си имате работа со психопат, иако ништо друго не укажува на тоа.
3. Тие се арогантни
Психопатите имаат зголемено чувство на важност. Исто како и нарцистите, тие сметаат дека вообичаените правила не важат и за нив. Тие исто така имаат и огромни идеи за нивниот потенцијал. Едноставно веруваат дека заслужуваат да имаат повисоки работни позиции од останатите или пак, убедени се дека најдобри во сè што прават.
4. Ги привлекуваат ризични ситуации
Што е повозбудливо и попривлечно за психопат од премногу ризична ситуација? Одговорот е ништо. Преземањето ризици им дава чувство на живост, а кога притоа навлекуваат со себе уште некој кого вешто ќе го манипулираат, тогаш возбудата им е уште поголема. Психопатите не се грижат ни за својата, ниту за туѓата безбедност. Тие се хранат од другите луѓе, лажејќи, манипулирајќи, крадејќи. Фактот дека се премногу интелигентни им овозможува доста добро да ги испланираат своите постапки, но притоа воопшто не грижејќи за останатите луѓе околу нив.
5. Тие се природни манипулатори
Дефинитивно најсилната, но истовремено и најскриената карактеристика на психопатите е тоа што тие се способни да манипулираат со вас без вие воопшто да сте свесни за тоа. Тие самите немаат типични чувства, но токму затоа се неверојатно способни да ги прочитаат останатите во само неколку минути и истовремено да го приспособат своето однесување на нивното, притоа целосно играјќи само за своја корист. Она што вас ви делува како грижлива личност е всушност некој кој само си поигрува со вас.