5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

Сакате да читате книги? Имате круг на пријатели кои исто така уживаат во книжевните дела? Еве една интересна идеја, зошто да не формирате книжевен клуб? Соберете ги сите ваши пријатели за кои знаете дека ќе бидат заинтересирани и закажете состаноци еднаш или два пати во месецот. Во меѓувреме секој од вас ќе треба да ја прочита книгата која заедно сте ја одбрале или пак некој ја предложил. Нели е тоа одлично?

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

Ова се само дел од причините зошто е паметно да основате ваков клуб со пријателите.

За да читате повеќе

Сигурно имате список со книги за кои сте прочитале или сте чуле добри препораки, но никако не можете да најдете време да седнете и конечно да ги прочитате. Всушност секогаш имаме макар малку слободно време само што неретко ќе одбереме да го поминеме правејќи други активности. Основањето книжевен клуб е одлична мотивација да се дружите повеќе со книгата отколку со телевизорот или интернетот.

Да откривате нови книги

Секогаш ќе бидете во тек со настаните и ќе знаете што е ново на книжевниот пазар. Ќе бидете информирани и со сигурност ќе откривате нови работи кои ви се допаѓаат, нови книги кои ќе ви го одземат здивот. Често и некој друг ќе одбере книга која ќе треба да ја прочитате, што ќе ве направи отворени за нови, поинакви авантури.

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

За да го зацврстите вашето пријателство

Со брзото темпо на живот често се случува да немаме време за кафе со пријателите. Со основањето на ваков клуб ќе мора да бидете присутни на одредено место во одредено време. За да ви успее овој клуб најважно е да бидете флексибилни. Кога некој од членовите не е во можност да присуствува (да речеме дека е надвор од градот), искористете ги погодностите на интернетот и комуницирајте онлајн.

Тоа што во изминатата недела или две сите сте прочитале една иста книга и сега имате можност да дискутирате за неа, да поделите мислења, критики и импресии, навистина ќе го „зачини“ кафе муабетот. Секогаш ќе имате нова, интересна тема на разговор и ќе видите како времето просто ќе „лета“.

За да го збогатите својот речник

Дали воопшто би требало да дискутираме? Сте чуле за тоа дека оној кој чита живее илјадници животи додека пак оној кој не чита живее само еден? Секоја прочитана книга е ново искуство во животот, рамно на патување до некоја далечна дестинација во светот. Искусувате нешто ново, се внесувате во сосем незнаен свет за вас, и најважно од сè, си го збогатувате сопствениот речник. Плус, во какви било социјални збиднувања совршено ќе можете да се вклопите дискутирајќи за најновата книга што сте ја прочитале.

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

Бидејќи книгите ве опуштаат

Замислете, се враќате од работа/училиште и вашиот стрес не прекинува тука. Можеби ќе слушате вести или ќе застанете пред компјутер. Сте помислиле ли дали тоа е вистинскиот начин да се одморите и опуштите? Секако дека не. Но кога ќе се сместите удобно во креветот со книга во рака, веќе зборуваме за опуштање и заслужен одмор.

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар