29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството - Part 2

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

8. Super Mario 64 (1997)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Со тоа што ова е првата Super Mario игра која користи 3Д графика, во свое време била навистина ново искуство. Иако можеби е потребно време да се навикнете на вртењето на камерата, истражувањето на околината и замоците се извонредно искуство.

9. Grand Theft Auto: San Andreas (2004)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Сигурно нема поголема доза адреналин од тоа да ве брка полиција додека вие бегате на вашиот BMX велосипед. А веројатно и сте возеле низ градот слушајќи музика од Radio X.

10. Tony Hawk’s Pro Skater 3

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Оваа игра не само што ве научи сè за возењето скејтборд, туку има и толку интересна музика што ви претстави целосно нов музички жанр.

11. Super Smash Bros Melee (2002)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Можеби нема ништо премногу предизвикувачко во оваа игра, но сигурно задоволството било големо кога ќе сте останеле само вие. Земајќи го ова предвид, многу пријателства се создале и растурале во многуте мечови кои биле одиграни.

12. Diablo II (2000)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Постојат безброј работи што ја прават оваа игра неверојатна. Приказната, ликовите, па дури и музиката се направени на таков начин што веднаш ја разигруваат вашата фантазија. Покрај тоа, можевте да играте и со вашите пријатели.

13. Age of Empires (1997)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Со оваа игра можевте да научите многу историја додека завршувавте задачи, собиравте ресурси и ја создававте вашата цивилизација.

14. Halo: Combat Evolved (2001)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Оваа игра е класика од многу причини. Графиката е одлична, гејмплејот е забавен, а опцијата за мултиплеер сигурно ве терала да играте со часови.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар