25 застрашувачки знаци кои покажуваат дека крајот на светот можеби е навистина блиску - Part 2

25 застрашувачки знаци кои покажуваат дека крајот на светот можеби е навистина блиску

13. Пандемија на грип

Последната пандемија беше со шпанскиот грип кој уби 500 милиони луѓе низ целиот свет. Ова било пред речиси 100 години. Бил Гејтс и многу медицински експерти предупредуваат дека нè очекува уште една пандемија. Со денешниот транспорт вклучувајќи авиони, бродови и возови, вирусот би се распространил многу побрзо и би убил 30 милиони луѓе за само неколку месеци.

14. Губење работни места поради вештачката интелигенција

Не е никаква тајна дека вештачката интелигенција напредува многу брзо. Се верува дека само во САД, една третина од работниците ќе останат без работа и ќе бидат заменети од машини. На глобално ниво овој број би изнесувал 800 милиони. Големата невработеност само ќе ја зголеми разликата помеѓу богатите и сиромашните.

15. Уште една Голема депресија

Не е лесно да се предвидат знаците за уште една Голема депресија. Но, некои експерти почнаа да предупредуваат. Марк Јуско, директор на Morgan Creek Capital верува дека нештата се одвиваат исто како и пред првата Голема депресија. Денес можеби причината ќе биде невработеноста поради вештачката интелигенција.

25 застрашувачки знаци кои покажуваат дека крајот на светот можеби е навистина блиску

16. Роботи убијци

Вештачката интелигенција не само што ќе го „убие“ вашето работно место, туку може да ве убие и вас. Веќе се развиваат оружја со вештачка интелигенција што можат да анализираат и да донесуваат одлука за убиство. Додека некои сметаат дека ова ќе ги направи војните помалку крвави, други се плашат од она што би се случило ако овие машини некако станат свесни.

17. Катастрофа во генетскиот инженеринг

Многу алатки од оваа област се очекува да го излекуваат ракот и да ги отстранат сите дефекти при раѓање. Но кога си играме со нашите геноми можеме да направиме многу проблеми. На пример, може да се создаде нова супер раса која евентуално ќе ја убие старата, или пак може да се дизајнира незапирлив вирус.

18. Соларни бури

Пред 150 години Земјата била погодена од масовна соларна бура. Бидејќи во тој период немало многу технологија, штетата била безначајна. Ако ова се случи денес, последиците ќе бидат катастрофални. Бурата ќе ја „исклучи“ електричната мрежа на Земјата и ќе предизвика штета од трилиони евра. Замислете го хаосот во општество кое зависи од електричната енергија.

19. Потенцијален контакт со вонземјани

Тешко е да се замисли, но сепак постои можноста да стапиме во контакт со вонземјани. Всушност, технолошкиот напредок само ги зголемува шансите за ова. Некои научници веруваат дека би направиле контакт во следната деценија. Иако ова звучи возбудливо, ако вонземјаните се понапредни од нас голема е веројатноста да не уништат. Исто така постои заканата од тоа да донесат нови болести.

20. Сајбер напад

Бидејќи Интернетот е дел од нашите секојдневни животи, сајбер нападите се почести од кога било. Од крадење кредитни картички до лични информации, хакерите стануваат навистина креативни. Во 2017-та година еден сајбер напад погоди над 150 држави во дотогаш невиден обид кој ги парализира некои од најголемите институции во светот. Замислете ако некој добие пристап до целиот систем.

25 застрашувачки знаци кои покажуваат дека крајот на светот можеби е навистина блиску

21. Колапс на екосистемот

Знаеме дека климата драстично се менува предизвикувајќи глад, суша и поплави на неочекувани места. Со овие промени можно е да исчезнат цели видови животни и растенија. Со помош на сателити, научниците утврдиле дека овој колапс веќе започнал.

22. Научна грешка

Со напредокот на науката, научниците имаат поголема моќ од кога било. Од судирачот на честички до вештачката интелигенција, денес сме во период каде што само една грешка би можела да биде катастрофална.

23. Катастрофа од нанотехнологија

Нанотехнологијата се фокусира на мали роботи со разни намени. Научниците се надеваат дека овие мали роботи ќе ни помогнат во лекување и спречување многу болести. Но, постои и стравот дека можат да го уништат целиот живот на Земјата со тоа што самите ќе се копираат.

24. Масовно лудило

И покрај тоа што животот не ни бил никогаш поудобен, во светот се зголемува бројот на случаи со ментални нарушувања. Депресијата, анксиозноста и биполарноста се нешта што ги гледаме секојдневно. Светската здравствена организација изјавила дека 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од депресија, бројка што пораснала за 18% од 2005-та година. Ако продолжи овој пораст, светот лесно ќе ја изгуби својата стабилност.

25. Крај на симулацијата

Навистина е чудно, но со развојот на технологијата се зголемува верувањето дека можеби живееме во компјутерска симулација. Според оваа претпоставка се наближува времето кога ќе можеме премногу реално да го симулираме животот на Земјата со помош на компјутери. Ако можеме ние, постои можност дека ова веќе се случило и дека веќе живееме во ваква симулација. Според хипотезата, симулацијата евентуално ќе заврши штом ние ќе можеме да создадеме нешто слично.

Знаете ли кои се најкатастрофалните предвидувања за 2018-та година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар