25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот - Part 2

25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот

13. Апокалипса на информации

На почетокот на 2016-та година, Авив Ивадја ја предвиде дилемата со лажните вести што го потресе политичкиот и новинарскиот свет. Сега тој смета дека благодарение на достапноста на информациите, луѓето можат да излажат за речиси сè и да создадат реалистични аудио и видео записи од политичари што кажуваат што било. Ова може предизвика многу проблеми.

14. Судирач на честички

Научниците од Церн кои работат со судирачот на честички признаа дека тој може да создаде црна дупка, но тврдат дека е сосема безбеден. Но луѓето кои сакаат теории на заговор сметаат дека токму овој судирач може дан направи црна дупка што ќе ја проголта Земјата.

15. Предвидување на Евреите

Рабинот Мојсеј Израел Бенџамин во неговата книга од 1894-та година предвидел дека кога ќе има соларна еклипса во хебрејскиот месец Елул, тоа ќе биде знак за почетокот на крајот. Тој напишал:

„Ова е лош знак за другите нации што ќе направи голема штета на кралевите од Истокот и ќе донесе големи бури и смрт за животните.“

25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот

16. Промена на магнетното поле на Земјата

Пред околу 780.000 години, половите на Земјата се промениле и научниците сметаат дека тоа ќе се случи повторно. Оваа промена може да има катастрофални ефекти на електричната мрежа и сателитите што ги напојуваат нашите системи. Без нив ќе се наруши целата рамнотежа во светот, а не можеме да направиме многу во врска со тоа.

17. Пренаселеност

Земјата може да издржи ограничен број луѓе, а ова најмногу важи за зголеменото трошење енергија и природни ресурси. Научниците предвиделе дека ако продолжиме вака, на Земјата ѝ остануваат уште 600 години пред да биде непогодна за живеење.

18. Црна дупка

Научниците предвиделе дека е возможно залутана црна дупка да стигне до Земјата и да ја проголта. Најстрашно во ова сценарио е што би знаеле за дупката, но не би можеле да направиме ништо. Досега се забележани 60 вакви залутани црни дупки.

19. Вонземјани

Некои експерти предвиделе дека во прашање се неколку години пред да стапиме во контакт со вонземјани. Ако ова е вистина, Стивен Хокинг сметал дека средбата нема да има добар крај. Ја споредил со средбата на Индијанците и Колумбо. Веројатно овие вонземјани ќе бидат многу понапредни од нас и би можеле да имаат болести што ќе го истребат човештвото.

20. Христијанска апокалипса

Библијата ја има можеби најстрашната приказна за крајот на светот и предвидува дека тој ќе биде полн со војни, глад, земјотреси и страдање. На чело на оваа апокалипса би стоел антихристот. Многумина се обиделе да предвидат кога ќе се случи ова, но не успеале. Според последните теории на заговор, оваа апокалипса би се случила во 2025-та година.

25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот

21. Хакирање

Експертите за технологија предвиделе дека хакерите стануваат пософистицирани и можат да напаѓаат електрични мрежи, нуклеарни централи и централи за вода. Можат да ги уништат и да предизвикаат вистинска анархија.

22. Математички предвидувања

Професорот Даниел Ротман смислил математичка формула со која се предвидува потенцијалниот крај на светот. Тој одредил дека во океаните би имало премногу јаглерод и масовното истребување ќе биде неизбежно до 2100-та година.

23. Предвидувања на Хопи

Индијанското племе Хопи предвидело дека пред крајот светот, ќе бидеме преплавен со железни змии, камени реки и огромна пајакова мрежа. Како ова да не е доволно, на крајот Земјата би била удрена од џиновска сина ѕвезда.

24. Ладење на јадрото на Земјата

Некои научници предвиделе дека јадрото на Земјата може да се излади, а ова да резултира со распаѓање на атмосферата. Тие веруваат дека ова се случило на Марс пред милијарди години.

25. Судир со планета

Научниците веруваат дека можно е да дојде и до ова. Ако залутана планета влезе во нашиот сончев систем, можно е да се упати кон нас. Се верува дека ова се случило пред милијарди години и од овој настан се формирала месечината.

Погледнете и кои беа катастрофалните предвидувања за оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар