25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле - Part 2

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

13. Подуеност

Кога телото ја дигестира храната, обично произведува гасови. Најчесто гасот наоѓа излез, но во вселената се задржува подолго во телото.

14. Констипација

Не само што ќе ве подуе, вселената може да ви предизвика и констипација.

15. Повраќање

Како што спомнавме, астронаутите често добиваат вселенска болест која предизвикува повраќање. Замислете како е да повратите во нулта гравитација. Често астронаутите користат посебни кеси за ова кои постојано им се на дофат.

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

16. Вршење голема нужда

Речиси сите сакаат да знаат како изгледа ова во вселената. На почетокот ситуацијата не била најдобра бидејќи се користеле кеси. За среќа денес работите се поедноставни, но астронаутите поминуваат посебен тренинг за употреба на вселенските тоалетни школки.

17. Дијареја

На мисијата Аполо 8 работите брзо тргнале во погрешна насока. Френк Борман се разбудил со болки во стомакот кои завршиле со повраќање и дијареја. Во капсулата настанал вистински хаос.

18. Снимање на цревата

Астронаутите носат направа која го надгледува движењето на нивните црева. Овие снимки постојано се надгледувани за да се осигурат дека сè е во ред.

19. Затната тоалетна школка

Никој не сака да се справи со овој проблем на Земјата, не па во вселената. Но, токму ова се случило во 1981-ва година за време на летот на вселенскиот шатл Колумбија. Кога се враќале на Земјата, фекалната материја излегла од системот за вентилација и навлегла во главната кабина.

20. Кивање

Кога астронаутите го носат својот скафандер не можат да киваат и да ги покријат носот и устата. Кога навистина мораат да кивнат, завршуваат со слуз на нивниот шлем. За да го избегнат ова, астронаутите учат како да го контролираат кивањето.

25 одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле

21. Умирање во вселената

Долго време НАСА не знаеле што да прават ако некој умре во вселената. За астронаутите сигурно не би било пријатно да се справуваат со мртво тело во вселенскиот брод. Во соработка со погребалната компанија Promessa, НАСА ја создала програмата „Вреќа за тело“. Астронаутите го ставаат мртвото тело во вреќа за спиење и го оставаат надвор од вселенскиот брод. Кога ќе влезат во атмосферата на Земјата тоа согорува.

22. Чекање ред за тоалетот

Сигурно знаете како е да се расправате со членовите од семејството за тоалетот. Сега замислете си што се случува во Интернационалната вселенска станица. Брзо по лансирањето во 1998-ма година, работите не се одвивале најдобро помеѓу руските космонаути и американските астронаути. Наводно, космонаутите сакале да јадат желе од риба кое пак ги затнувало тоалетните школки. Астронаутите им забраниле да ги користат нивните тоалети.

23. Потење

Астронаутите вежбаат по 2 часа дневно за да ја одржат својата мускулна маса, а со тоа и се потат. Во вселената потта нема да „падне“ од вас, туку ќе остане на кожата во вид на меурчиња сè додека не ја избришете.

24. Туширање

Астронаутите имаат многу работа и често не се тушираат со недели. Во првите вселенски мисии нештата станувале навистина грозни во малите капсули.

25. Мртва кожа на стапалата

Астронаутите изјавиле дека нивните стапала стануваат премногу чувствителни во вселената, а мртвата кожа од долниот дел на стапалата едноставно паѓала и лебдела во воздухот.

Дознајте и кои се најчудните работи кои се откриени во вселената.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар