25 морничави нерешени Интернет мистерии
13. „Се чувствувам фантастично“ (I’m Feeling Fantastic)
Ова видео со морничава кукла прв пат било објавено на каналот на Јутјуб на Creepyblog. Видеото заработило 6 милиони прегледи. Додека многумина се обидуваат да го сфатат значењето на видеото, наводно некои дошле до решение.
14. John.com
Оваа навидум здодевна страна има неколку слики од секојдневни предмети. Кога ќе кликнете на некој ќе бидете пренасочени на страница која ви бара код. Се открило дека сајтот е во сопственост на Џон Литл, но никој не ја знае неговата цел.
15. Chip-chap
Уште од 1999-та година, жена од Кореја во живо го прикажува нејзиниот живот на Интернет. Штом била откриена на 4Chan, луѓето станале навистина заинтересирани за нејзината приказна. Иако тврди дека била држена како заложник од полицијата со компјутерски чип во зглобот, полицијата вели дека е ментално болна. Досега никој не можел да ѝ го открие идентитетот или вистината.
16. А858
Во 2011-та година, корисник на Редит објавил бизарен, нерешлив код. Оттогаш многумина се обиделе да го решат, но безуспешно. Во 2015-та некој изјавил дека го решил, но многумина сметаат дека не е готово.
17. Мрежата на Маријана
Ова се смета за најмрачниот дел од Интернетот и наводно содржи материјали и тајни до кои имаат пристап само одредени луѓе. Некои сметаат дека е дом на квантен компјутер и можеби ја има и првата свесна вештачка интелигенција. Исто така можно е да има и некои од најмрачните тајни во светот. Се разбира, постојат и луѓе кои не веруваат дека постои.
18. Супа
Ова навистина вознемирувачко видео се појавило на темниот Интернет пред дас се појави на Јутјуб. На него се гледаат двајца мажи со морничави маски и уште еден маж кој плаче додека јаде супа. Не се знае кој стои зад видеото, но многумина веруваат дека мажот е заробен и дека е присилен да јаде нешто.
19. Исчезнувањето на Кени Вич
Кени Вич планинарел околу Невада и напишал коментар на Јутјуб за пештера во форма на буквата М. Изјавил дека се чувствувал чудно околу пештерата, па направил видео од неа и кажал дека е во близина на воздушната база Нелис. За жал, по објавувањето на видеото тој исчезнал и изгубена му е секаква трага.
20. Џон Титор
Од 2000-та до 2001-ва, многу објави на Интернет биле потпишани со името Џон Титор. Тој тврдел дека е воен временски патник од 2036-та година. Предвидел многу нешта кои не се исполниле, но мистеријата е неговиот вистински идентитет. Откако луѓето истражувале, откриле дека во САД не постоела ни една личност со име Џон Титор,
21. Анонимуси
Оваа група прв пат се појавила на 4CHan во 2004-та година. Препознатливи се по нивните маски. Еднаш ја хакирале Црквата на скиентологијата во 2008-ма година, па привлекле внимание од соперници, но и луѓе што ги поддржувале. Никој не знае кој и зошто ја започнал групата и кој членува во неа.
22. Sad Satan
Оваа хорор видео игра била објавена на мрачниот Интернет од корисник со име ZK. Единствениот начин да ја играте е преку пребарувачот Tor. Играњето на играта е како да минувате низ најлошиот кошмар исполнет со страшни симболи и слики. Многумина се обиделе да откријат за што е играта и кој ја создал, но засега не се знае ништо.
23. Publius Enigma
Оваа загатка прв пат се појавила на Интернет заедно со албумот на Pink Floyd од 1994-та година The Division Bell како реклама за албумот и турнејата. Многумина се обиделе но не успеале да ја решат загатката. Некои веруваат дека најверојатно е напуштена и никогаш целосно завршена од креаторите.
24. Lake City Quiet Pills.com
Нерешената Редит мистерија започнува со смртта на корисникот на Редит ReligionofPeace. Кога луѓето почнале да го гледаат HTML кодот на неговиот веб-сајт, откриле вознемирувачки пораки поврзани со можни платени убиства. Колку повеќе копале, толку повеќе наоѓале можни врски со војската. Некои дури сметаат дека сајтот е прикритие за пораки за потенцијални убиства.
25. Најстарата Интернет мистеријата
Oва се смета за една од најдолгите и најиздржливите Интернет мистерии и е стара 20 години. И после толку време, никој не знае што значи. Се започнало со објави во 90-тите кои изгледале како глупости. Многумина изјавиле дека се токму тоа и не треба да се сфаќаат сериозно, но ова не ги запрело луѓето да шпекулираат и истражуваат.
Погледнете и кои се најголемите нерешни мистерии за универзумот.