25 морничави искуства со парализа во сон
13. Три приказни
Еден корисник го искусил ова „само“ 3 пати. Првиот пат се појавила мачка која скокнала врз него. Вториот пат се појавил човек кој се сокрил зад вратата. А третиот пат пак низ неговата соба шетале пингвини.
14. Уште едно киднапирање од вонземјани
Во текот на неговите 20-ти, еден маж редовно доживувал парализа во сонот. Едно од најстрашните искуства било кога до неговиот кревет се појавиле 4 вонземјани. Сепак успеал да се избори и да ја запали светилката од собата.
15. Прегратка
Додека спиел, еден корисник почувствувал како нешто легнало во неговиот кревет и го прегрнало околу половината. Ова траело околу 30 минути, а потоа слушнал глас: „Сè уште не. Уште не си подготвен. Ќе се вратам кога ќе бидеш.“
16. Огледало
Бидејќи спиел пред огледало, еден корисник секоја вечер чувствувал како нешто го влече кон огледалото. Понекогаш дури и станувал од креветот. Поради ова му било страв да спие.
17. Гремлин
Овој корисник на Редит честопати се соочувал со парализа во сонот, но најстрашно му било кога му се појавувала фигура која наликувала на гремлин. Ако спиел на грб фигурата стоела на неговиот стомак, а ако спиел на страна фигурата стоела зад него и зборувала на чуден јазик.
18. Хипервентилирање
Понекогаш не се само халуцинациите оние што ја прават парализата во сонот страшна. Овој корисник секогаш се будел легнат на стомак со лицето кон перницата, а ова не му дозволувало да дише. Ако не се смирел, почнува да се гуши.
19. Синдром на експлозија во главата
Ова е уште еден дел од парализата во сонот. Еден корисник слушал силен звук, како пукање од пиштол, во неговата глава.
20. Злобен мајмун
На еден корисник постојано му се појавувал темен мајмун кој сакал да го касне. Еднаш дури и успеал во тоа.
21. Ќелав човек
Кога слушнал чекори, еден корисник на Редит помислил дека е татко му. По некое време забележал слаб ќелав маж кој рекол: „Треба да ја предупредиш.“
22. Мајка
Еден корисник ја видел мајка си како влегува во собата и како почнала да ги скокотка него и сестра му. Не можел да каже ништо, а мајка му испуштала навистина морничави звуци.
23. Канџи
Понекогаш луѓето не халуцинираат за време на парализа во сонот. Ова му се случувало на еден корисник кој само 2-3 пати халуцинирал. Првиот пат почувствувал канџи на неговата рака. Вториот пат бил парализиран, но ја слушнал мајка му како му вели: „Злато време е да се разбудиш.“ Мајка му спиела во другата соба.
24. Стара вештерка
Овој корисник На Редит забележал многу слаба жена со долга сива коса која била гола. Почнала да му се приближува, но корисникот успеал да мрдне и жената исчезнала.
25. Отпечаток од дланка
Еден 33-годишен маж решил да поспие. По некое време се разбудил и нешто почнало да го влече низ собата. Не можел да види што е тоа, но забележал отпечаток од дланка на ногата каде што бил фатен.
Прочитајте ги и овие застрашувачки факти за парализата во сон.