25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле - Part 2

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

13. Абдул Сатар Едхи

Пакистанецот Абдул е основач на Фондацијата Едхи, организација која ја води најголемата амбулантна служба во светот. Организацијата управува со бесплатни домови за старци, сиропиталишта, клиники, засолништа за жени и центри за рехабилитација на корисници на дрога и ментално болни личности.

14. Оскар Шиндлер

Оскар Шиндлер спасил околу 1.200 евреи од рацете на нацистите со тоа што им давал работа во неговите фабрики за оружје во текот на Втората светска војна. Иако бил свесен дека животот му е во опасност, не престанал да ги вработува евреите, па дури им плаќал и милиони на нацистите за да му ги оставаат Евреите нему.

15. Хосе Фигерес Ферер

Хосе бил претседател на Костарика три пати и им дал еднакво право за гласање на мажите и на жените. Според него, иако мажите биле посилни од жените, ментално не постоела разлика помеѓу половите. Им дал државјанство на црните имигранти и воспоставил бирократија во неговата држава.

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

16. Цесар Чавез

Познат како „Мартин Лутер Кинг од Мексико“, Цезар е коосновач на Здружението за фармери во Калифорнија кое денес е наречено Обединети фармери. Го оформил здружението со цел да ги подобри работните услови на латинските работници во неговата држава.

17. Папата Пиј XI

Пред почетокот на Втората светска војна, папата Пиј одржал говор пред 250.000 аџии во Франција и изјавил дека нацистите не биле ништо повеќе од мизерни плагијатори кои ги обвивале старите грешки со ново руво. Пред почетокот на војната, имал голема улога во бранењето на Евреите и Христијаните.

18. Жак Делор

Францускиот економист и политичар е осмиот претседател на Европската комисија. Како министер за економија и финансии, тој активно го промовирал прифаќањето на пазарната економија и усогласувањето со социјалната демократија во Европа.

19. Бил и Мелинда Гејтс

Преку нивната фондација, Бил и Мелинда Гејтс се најголемите филантропи во САД и имаат донирано над 30 милијарди во борбата против екстремната сиромаштија и болестите. Им помогнале на милиони луѓе да ги подобрат нивните животи.

20. Тич Нат Хан

Будистичкиот свештеник од Виетнам е мировен активист кој го посветил неговиот живот на мировни движења и наоѓање ненасилни решенија за конфликтите во неговата држава.

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

21. Џон Ленон

Иако бил контроверзен лик, неговите музика, филантропија и посветеност на мирот оставиле значен белег во светот.

22. Едвард Сноуден

Можеби најконтроверзната личност на листава, Едвард Сноуден, бил дел од Националната агенција за безбедност. Тој бил сведок на користењето таен компјутерски софтвер кој бил наменет за шпионирање на Американците. Неговите откритија ги споделил со јавноста пред да се сокрие во Русија. Тој ја истакнал опасноста што ѝ се заканувала на демократијата и им дал на луѓето избор да се справат со неа како што сакаат.

23. Морган Цвангираи

Како лидер на Движењето за демократска промена, Морган бил премиерот на Зимбабве и првиот жител на Зимбабве кој бил номиниран за Нобелова награда за мир. Номинацијата била благодарение на неговото владеење во Јужна Африка и слободата на неговите луѓе.

24. Татко Нгуен Ван Ли

Виетнамецот Нгуен бил католички свештеник кој се вклучил во неколку пред-демократски движења во Виетнам. За ова заработил 15-годишна затворска казна. Додека бил во затвор водел неколку ненасилни протести.

25. Доктор Сима Самар

Доктор Сима која ја основала Организација Шухада и клиниката Шухада, била активист за човечките права и демократијата во нејзината родна држава Авганистан. Ја основала организацијата кога сфатила дека има недостаток од здравствени установи за жени и деца. Оттогаш активно му се спротивставува на екстремизмот и неправдата.

Погледнете ги и овие интересни факти за Нобеловата награда што веројатно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар