25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете - Part 2

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

14. Вселенски миризби

Не мирисаат само вселенските летала, туку мириса и самата вселена. Многу астронаути изјавиле дека почувствувале мирис на малина, метал или месо.

15. Давање отпор

Ако случајно некој астронаут полуди, според протоколот на НАСА астронаутите треба да го заврзат и да му инјектираат средство за смирување.

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

16. Брутален тренинг

Тренингот на астронаутите воопшто не е лесен. За една вежба биле транспортирани во смрзнатата тундра на шума во Москва и требало да преживеат. Сето ова се дел од подготовките за Интернационалната вселенска станица.

17. Враќање на Земјата

По предизвиците на вселенскиот живот, на некои астронаути не им е лесно повторно да се прилагодат на животот на Земјата. На пример, откако ја напуштил НАСА, Баз Олдрин имал сериозен проблем со алкохолизам и депресија и се развел 2 пати.

18. Животно осигурување

Поради високиот ризик, за астронаутите е навистина скапо да се осигурат. Ова најмногу важело за астронаутите од Аполо 11. За да го избегнат проблемот, тие потпишувале предмети како марки и фотографии и им ги оставале на семејствата. На овој начин семејствата ќе можеле да ги продаваат доколку нив им се случело нешто.

19. Вселенски болести

Како што влегуваат во вселената, физиолошкиот систем на астронаутите се вознемирува. Многумина од нив се соочиле со разни здравствени проблеми.

20. Прва помош

Кај астронаутите секогаш постои ризик од повреда. Бидејќи немаат пристап до болници и лекари, тие поминуваат и медицинска обука.

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

21. Шанси

Навистина е тешко да станете астронаут. Од 6.000 пријавени кандидати, НАСА одбира само 8.

22. Визуализација на неуспех

Наместо успех, астронаутите визуализираат неуспех. Тие се обидуваат да претпостават што сè може да тргне во погрешна насока и планираат како да го решат проблемот. На овој начин се поподготвени да се справат со опасностите.

23. Незнаење

Астронаутите сметаат дека стравот потекнува од незнаење. Поради ова веруваат дека знаењето навистина дава моќ. На пример, не се сите пајаци се опасни, а луѓето сепак се плашат од нив.

24. Испуштање гасови

Бидејќи и астронаутите се луѓе, и тие испуштаат гасови. Нивните скафандери се опремени со филтер што ги отстранува метанот и јаглеродниот диоксид. Ова може да им го спаси животот. Гасовите предизвикани од цревните бактерии се на некој начин запаливи и се опасни во затворен сад.

25. Нормален живот

Спротивно на популарното верување, астронаутите не работат само кога ја напуштаат Земјата. Најчесто нивната работа е како и секоја друга и тие одат во вселенската агенција или завршуваат со работа од дома.

Прочитајте ги и овие факти за вселената што веројатно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар