25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот
6. Петра, Јордан
Неверојатниот град му бил непознат на западот сè додека шведскиот истражувач Јохан Лудвиг не налетал на него во 1812-та година. Денес ова е најпосетуваната атракција на Блискиот Исток. Самото влегување во градот е неверојатна глетка од камени структури и бои. Знаевте ли дека огромни делови од градот се издлабени во планината?
7. Баган, Бурма
Древниот град Баган има над 2.000 храмови и пагоди кои датираат од 9-ти до 13-ти век.
8. Кањонот Антилопа, Аризона
Ова место е најпосетувано и најфотографирано во југозападна Америка. За да го посетите потребна ви е посебна дозвола и водач. Постојат посебни тури за разгледување и фотографирање.
9. Ајерс Рок, Австралија
Позната и како Улуру, оваа огромна карпа во централна Австралија е најголемиот монолит во светот. Исто така е и најпознатата атракција во Австралија.
10. Танах Лот, Индонезија
Оваа егзотична карпа веднаш до брегот на Бали има древен Хинду храм до кој можете да стигнете само за време на осека. Околу местото нема храна, ниту продавници.
Продолжува на следната страница…