25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши - Part 2

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

15. Најголема концентрација на алкохол во крвта

Кога еден маж од Полска бил однесен во болница по сообраќајна несреќа, докторите биле шокирани кога откриле дека алкохолот во неговата крв изнесува 1,48%.

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

16. Најсилен удар во препоните

Најболниот рекорд го држи американскиот ММА борец, Џастис Смит. Ударот имал брзина од 35,4 километри на час и сила од 500 килограми.

17. Прегазување од најмногу возила

Том Овен го поставил овој рекорд во 2009-та година. Врз неговиот стомак поминале 9 возила од 3,3 до 4,41 тони. Го издржал подвигот благодарение на неговите огромни стомачни мускули. Но сепак претрпел скршени ребра и внатрешно крвавење.

18. Најдолги влакна во увото

Индиецот Радхаканат Баиџпаи ги има најдолгите влакна во увото, кои имаат над 25 центиметри.

19. Најмногу ѕвечарки држени во уста

Рекордот го држи Џеки Биби кој во устата држел 13 ѕвечарки во рок од 10 секунди.

20. Најголема тежина подигната со јазик

Овој рекорд го поставил Томак Блекторн во 2008-ма година. Тој успеал да подигне 12,5 килограми со неговиот јазик на кој имало кука што ја држела тежината.

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

21. Најдолго икање

Чарлс Озборн почнал да ика во 1922-ра година и престанал дури во 1990 (68 години подоцна). Во првите децении тој икал околу 40 пати во минута, но потоа бројот се намалил на 20. Причината за ова бил уништен крвен сад кој оштетил дел од мозокот што го контролира икањето.

22. Најтешкиот човек

Најтешкиот човек на светот се вика Џон Брауер Минох. Кога бил најтежок имал цели 635 килограми. По некое време успеал да ја намали тежината следејќи строга диета од само 1.200 калории на ден. Починал на 10-ти септември 1983-та година, со тежина од 361 килограм.

23. Најдолг преживеан „лет“ од сообраќајка

Американскиот болничар Мет Мекнајт работел на несреќа во Пенсилванија кога бил удрен од камион и исфрлен на растојание од 35,9 метри. Имал неколку повреди, но по само една недела целосно закрепнал и се вратил на работа.

24. Највисок скок во базен

Во 2015-та година Ласо Шалер скокнал во базен од височина од 59 метри. Откако ја погодил водата со брзина од 122 километри на час, го повредил колкот, но преживеал.

25. Најчудната исхрана

Кога станува збор за јадење чудни нешта, никој не може да го победи Французинот Мишел Лолито. Во текот на неговиот живот тој изел 18 велосипеди, 15 колички од супермаркет, 7 телевизори, 6 лустери, 2 кревета, пар скии, компјутер, па дури и авион Cessna.

Погледнете и кои се најголемите секс рекорди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар