20 паметни и практични првоаприлски шеги
11. Скокот на теророт
Сте се запрашале ли некогаш колку високо може да скокне една личност кога не е свесна за тоа што се случува? Пред да го направите ова, погрижете вашата жртва да не држи нешто кршливо или нешто што може да се истури од нивните раце.
12. Интересно глувче
Залепете некоја интересна фотографија или белешка на глувчето на вашата жртва. Квалитетот на сликата зависи од тоа како се однесувате со личноста со која се шегувате.
13. Глушец во куќата
Да направите глушец е многу лесно, само земете еден корен од репка со подолга опашка или компири на кој ќе ставите едно помало јаже и ставете го во кутијата со житарки или слични грицки.
14. Вака започнуваат канцелариските караници
Нема пица денес.
15. Има ли некој овде кој сака бубачки?
За оваа шега ви се потребни неколку пластични бубачки и малку среќа, за да го саботирате нивниот ручек додека тие не гледаат или не се тука.
16. Што мислите за десерт?
Почестете ги сите пријатели со оваа прекрасна торта направена од компири и колбаси. Всушност, таа е вкусна за јадење но сигурно не е она што се очекува од еден десерт.
17. Астронаутски џус
Со среќа во обидот да го испиете овој „џус“ направен од желе. Ќе ви биде многу забавно кога ќе ја погледнете реакцијата на личноста која не разбира зошто џусот не може да се истури од превртената или навалена чаша.
18. Само што купив нов килим
Направете една дамка од лепило и обојте ја во која било боја што ја сакате и сте спремни да ја употребите на секаква површина. Само погрижете се таа да биде доволно сува, бидејќи можете навистина да ја оштетите површината.
19. Старите добри класици
Оваа практична шега е доста невина, но сепак смешна. Генерации и генерации луѓе се обидувале да произведат пена од сапун кој е премачкан со тенок слој на безбоен лак.
20. Добро е да се дели
Овие лажни колачиња сигурно ќе го привлечат вниманието на сите љубители на колачите. Но, бидете внимателни во ставањето на пастата за заби, бидејќи можете да ги скршите колачињата додека ги двоите и го отстранувате нивниот оригинален фил.