19 интересни работи кои сигурно ве мрзи да ги пребарате на Интернет - Part 2

19 интересни работи кои сигурно ве мрзи да ги пребарате на Интернет

(4)19-interesni-raboti-koi-sigurno-ve-mrzi-da-gi-prebarate-na-internet-kafepauza.mk

10. Зошто ракуните ја чистат нивната храна?

Ракуните многу често ја собираат својата храна од вода, па таа е влажна или има алги кои треба да ги исчистат. Другата причина е тоа што ракуните на овој начин го убиваат и својот плен.

11. Зошто птиците летаат во V-формација?

Како прво, на овој начин тие заштедуваат енергија. Птиците кои летаат напред создаваат вртлози од воздух со нивните крилја. Оние кои летаат назад ги „фаќаат“ овие вртлози па на овој начин трошат помалку енергија. Како второ, оваа формација им овозможува на сите птици да го гледаат лидерот кој секогаш лета прв.

12. Зошто ежот носи јаболка на неговиот грб?

Ова не е ништо повеќе од мит или слика од некоја детска сликовница. Овие животни не се интересираат за овошје и зеленчук бидејќи се хранат со инсекти. Ако забележите лист или нешто слично на грбот на ежот, тоа нешто случајно се нашло таму.

(5)19-interesni-raboti-koi-sigurno-ve-mrzi-da-gi-prebarate-na-internet-kafepauza.mk

13. Зошто потоците жуборат?

Овој звук се појавува кога под водата се заробуваат меурчиња воздух. Ова произведува разни звуци кои се наречени жуборење.

14. Зошто доживуваме морска болест?

Ова се случува бидејќи мозокот добива контрадикторни информации од разни делови на телото. На пример, ако сте на брод вашето внатрешно уво го чувствува движењето на брановите, но вашите очи не го гледаат тоа. Мозокот се обидува да ги спои овие 2 разни чувства, па може да се „збуни“.

15. Зошто стрелките на часовникот се движат во насока на сонцето?

Пред механичките, луѓето користеле сончеви часовници. Тие се состоеле од шипка чија сенка се движела по броевите на часовникот. Оваа „стрелка“ се движела во иста насока со сонцето во текот на денот. На северната хемисфера, насоката била од лево кон десно.

(6)19-interesni-raboti-koi-sigurno-ve-mrzi-da-gi-prebarate-na-internet-kafepauza.mk

16. Зошто ни земаат крв од домалиот прст?

Палецот и показалецот се многу блиску до зглобот. Ако добиете инфекција, таа лесно може да се пренесе низ целата рака. Поради ова, лекарите земаат крв од сите прсти освен од овие два. Од друга страна, болката на домалиот прст е најмала. Тој е најмалку активен и има потенка кожа. Бидејќи не го користите често, раната на прстот побрзо ќе заздрави.

17. Може ли да се реши загатката со 25-те коњи?

Има 25 коњи. Кој е најмалиот број на трки со кои ќе можете да одредите кои 3 коњи се најбрзи? Наеднаш може да се тркаат по 5 коњи, но немате со што да го мерите времето.

  • Одговор

    Потребни се 7 трки за да се дознаат најбрзите 3 коњи.

18. Колку се добри вашите математички способности?

Загатката гласи:

– Петар колку години имаат твоите деца?
– Па имам 3, а производот на нивните години е 36.
– Тоа не е доволно…
– Сумата на нивните години е бројот на пива кои ги испивме денес.
– Тоа сè уште не е доволно.
– Во ред, моето најстаро дете носи црвена капа.

Колку години има секое од децата на Петар?

  • Одговор

    Одговорот е 2, 2 и 9.

19. Каде оди отпадот од авионските тоалети?

Содржината на тоалетната школка во авионите завршува во резервоар кој има капацитет од околу 75 литри. Откако ќе слета авионот, резервоарот се отстранува и се празни.

Погледнете ги и овие интересни факти за парите кои сигурно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар