18 ситуации кои им се случуваат само на зависниците од книги

18 ситуации кои им се случуваат само на зависниците од книги

Автор: Софија Сионова

Книгите претставуваат прибежиште од реалноста и создаваат прекрасни слики во нашите глави. Исто така, тие го богатат нашиот речник и нѐ забавуваат. Ако сте заљубени во книгите и не можете да го извадите носот од нив, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следните ситуации.

1-18-situacii-koi-im-se-slucuvaat-samo-na-zavisnicite-od-knigi-kafepauza.mk

1. Кога ќе се внесете во нова книга цело време викате „само уште една глава“.

2. Започнувате да се смеете кога од нигде никаде ќе се сетите на смешен момент од книгата која ја читате. Луѓето никогаш нема да ве сфатат, а и не треба.

3. Книгата е секогаш подобра од филмот.

4. Се фаќате себеси како и по неколку пати ја читате истата омилена книга. Затоа што со текот на времето сѐ повеќе ја разбирате и сакате.

3-18-situacii-koi-im-se-slucuvaat-samo-na-zavisnicite-od-knigi-kafepauza.mk

5. Кога читате пред спиење, продолжувате да читате и кога ќе ви се приспие, бидејќи ќе спиете кога ќе сте мртви.

6. Најголемиот дел од платата оди на нови книги. А останатиот (мал) дел за преживување на месецот.

7. Ги откажувате викенд плановите бидејќи имате состанок… со вашата омилена книга.

8. Ќе се здружите со што повеќе љубители на читањето само за да зборувате за омилената книга што е можно повеќе.

9. На работа се појавувате со омилената книга во чантата.

10. Ќе влезете во библиотека и ќе се потсетите дека имате доволно книги дома. Но сепак, ќе земете уште неколку. Никогаш не е доволно.

2-18-situacii-koi-im-se-slucuvaat-samo-na-zavisnicite-od-knigi-kafepauza.mk

11. Ќе видите некој згоден/на што чита книга и веднаш размислувате за свадба.

12. Се соживувате со ликовите од книгата.

13. Поминувате многу време во истражување на книги.

14. Книгите ви се приоритет во животот.

15. Користите сленг или жаргон во секојдневни разговори од книгата која ја читате во моментот. И секако, никој не ве разбира.

16. Совршениот одмор за вас е непрекинато читање.

17. Бидејќи ги имате премногу, вашите книги почнувате да ги користите како масички, полици и што уште не. И пак не можете да се ослободите од ниедна.

18. И кога ќе ја завршите книгата што ја читате, завршува и вашиот живот. Сѐ додека не започнете нова.

This is books scramble. Many books on white background.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар