18-те најморничави нерешени случаи за исчезнати луѓе
7. Брајан Шафер, исчезнат од 2006 година
Додека бил на одмор во Охајо, овој студент отишол во некој бар со пријателите и исчезнал. На секој влез од барот биле поставени камери и било снимено неговото влегување. Но, на ниту една снимка го нема како излегува.
8. Дороти Арнолд, исчезната од 1910 година
Оваа наследничка на фабрика за парфеми излегла на прошетка низ Њујорк кога исчезнала. И знаете што е најчудно? Нејзината мајка сметала дека исчезнувањето ќе биде срамна приказна, па не го пријавувала случајот со недели.
9. Џоди Хојзентрут, исчезната од 1995 година
Оваа репортерка од Ајова одела кон своето работно место во 4:30 наутро кога наводно била киднапирана. Клучот од нејзиниот автомобил бил пронајден на бравата и бил свиткан, а другите докази укажуваат дека имало и отпор од нејзина страна. Иако била прогласена за мртва во 2001 година, од полицијата сепак мислат дека постои можност за решавање на случајот.
10. Беверли Потс, исчезната од 1951 година
Ова 10-годишно девојче од Охајо било да гледа претстава во локалниот парк и не се вратила дома. Секој осомничен за нејзиното киднапирање бил ослободен од обвинението. Во 2015 година имало мал напредок во решавањето на случајот, но тоа не било објавено во јавноста.
11. Били Хог, Џои Хог и Крег Дауел, исчезнати од 1967 година
Џои и Били исчезнале кога се упатиле кон една пештера во Мисури, а најверојатно и Крег бил со нив. Никој од нив не се вратил дома, а бидејќи биле добри пријатели голема е веројатноста да биле заедно. Никој не можел да потврди што навистина се случило, а ова го направило случајот речиси невозможен за решавање.
12. Микел Бигс, исчезната од 1999 година
Додека го чекала камионот за сладолед во Аризона, 11-годишното девојче исчезнало без трага. Мајка ѝ ги повикала неа и сестра ѝ да влезат во куќата, а Микел ја снемало 90 секунди подоцна. До денес никој не знае што се случило.
Продолжува на следната страница…