18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште - Part 2

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

7. Раи како анестезија

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Електричните раи имаат навистина чудна способност – со еден убод можат да заспијат човек. Древните Грци ги користеле во медицината за да ги намалат болките за време на операција или породување.

8. Војтек, мечката војник

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Во 1943-та година за време на војната, полските војници кои снабдувале опрема за артилеријата пронашле мало мече во Иран. Го крстиле Војтек, што на полски значи „оној кој ужива во војната“ или „насмеан војник“. Главната задача на овие луѓе бил пренос на муниција, а ова мече им помогнало во мисијата. Во негова чест бил направен и споменик во Единбург.

9. Кисела зелка во вино како храна за робовите во Кина

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Киселата зелка потекнува од Кина. Првиот император на Кина, Кин Ше Хуанг, наредил да се потопат зелки во вино и да се користат како храна за робовите што го граделе Големиот кинески ѕид. Се верувало дека ова јадење ја зголемувало издржливоста.

10. Медузи како гел за коса

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Во Средниот век во Јапонија било модерно да имате долга црна коса, залижана наназад. Во тој период, гелот за коса сè уште не постоел. Па, инвентивните Јапонци почнале да користат медузи за оваа намена.

11. Забранети адвокати

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Во Кнежевството Андора адвокатите се забранети. Според законодавците: Појавата на духовити адвокати кои можат да претвораат црно во бело е забранета во нашите судници.

12. Рекордна телесна температура

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Највисоката телесна температура била измерена во 1980-та година. Вили Џоунс од Атланта отишол во болница со температура од неверојатни 46,5 степени Целзиусови. За среќа, преживеал и бил пуштен од болницата по 24 денови.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар