17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година - Part 2

17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година

2028: Венеција може да стане непогодна за живеење

(7)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Ова не значи дека градот целосно ќе биде под вода. Иако и тоа е можно, сепак нема да се случи барем до 2100 година. До 2028 година постои веројатност нивото на водата да се зголеми доволно за да биде невозможно да се живее во куќите.

2029: Астероидот Апофис ќе се доближи на околу 38.398 километри до Земјата

(8)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Според првите претпоставки на научниците, веројатноста астероидот да се судри со Земјата во 2029 година била 2,7%. Сепак, подоцна се открило дека тој само ќе помине многу близу до неа.

2030: Замрзнатата покривка на Арктикот ќе биде многу мала

(9)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Замрзната покривка на Арктикот драстично се намалува. Според некои пресметки, таа целосно ќе се стопи во летниот период до крајот на 21-виот век.

2033: Ќе започне мисијата со луѓе на Марс

(10)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Програмата на Европската вселенска агенција е фокусирана на проучувањето на месечината, Марс и астероидите. Таа вклучува автоматизирани летови, но и летови со екипаж. Пред да испратат луѓе на Марс, ќе биде испратено летало само со товар и ќе се развие технологија за слетување и враќање на Земјата. Името на мисијата е Аурора.

2035: Квантната телепортација ќе стане реалност во Русија

(11)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Овде не станува збор за моментна телепортација на предмети низ просторот каква што гледаме во научно фантастичните филмови. Квантната телепортација значи создавање систем за комуникација кој ќе пренесува поларизирани фотони низ просторот.

2036: Ќе се испратат сонди кои ќе го проучуваат ѕвездениот систем Алфа Кентаур

(12)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Проектот „Breakthrough Starshot“ ќе испрати летала до најблиската ѕвезда. Бродовите ќе имаат соларни едра и ќе им бидат потребни околу 20 години за да стигнат до системот Алфа Кентаур. Потоа ќе бидат потребни уште 5 години за да ја информираат Земјата за успешното пристигнување.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. notes Reply

    Поправете го насловот. Година, не годината.

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Ти благодариме за забелешката, грешката е поправена. Имај си убав ден.

Остави коментар