17 митови за Африка во кои сите веруваме - Part 2

17 митови за Африка во кои сите веруваме

7. Животот во Африка е многу сиромашен

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Кога планираат патување во Африка, многу луѓе се подготвуваат да се соочат со сиромаштија. Иако има вакви држави, нивниот број е многу помал отколку што мислите. Воглавно, економското ниво на африканските држави не е многу поразлично од она на развиените. Во исто време, овие држави инвестираат во туризмот градејќи удобни хотели и места за рекреација со цел да привлечат туристи.

8. Епидемиите и опасните болести се насекаде

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Медиумите постојано ни кажуваат за опасните болести во Африка. Но, на пример, вирусот ебола не го покрива целиот континент, туку само државата Сиера Леоне и нејзиното опкружување. Втората болест која се поврзува со Африка, маларијата, не претставува опасност ако ги применувате правилата за безбедност. Овде спаѓаат средства против инсекти, комарници и превентивни лекови.

9. Африканците живеат во колиби

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Ова е големо недоразбирање бидејќи големите градови во Африка не се разликуваат многу од другите. Постојат згради со апартмани, облакодери и бизнис центри. Развиената архитектура и инфраструктура ги прават африканските градови многу прогресивни. Сè уште постојат луѓе кои живеат во колиби, но нивниот број е многу мал.

10. Во Африка се зборува африкански

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Африканскиот јазик не постои. Всушност, уникатните јазици на локалните племиња постепено исчезнуваат. Населението во времето на колонизацијата ги прифатило европските јазици како англиски, француски, германски и португалски. Јазиците се шират уште побрзо со помош на телевизијата и Интернетот. На континентот се зборуваат стотици јазици, а само во Намибија постојат 20 државни јазици.

11. Африка е растргната од политички конфликти

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Американските филмови често ни покажуваат локални војни и немири во африканските држави. Всушност, во текот на 90-тите години, континентот изобилувал со вакви настани, а истовремено се случувале по десетина. Овие војни биле наследство од колонијалниот период кога биле поставувани границите на државите. Денес териториите на државите се дефинирани, па тоа им ставило крај на немирите.

12. Има недостаток од храна

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Повеќето фотографи и филмови ни прикажуваат изгладнети луѓе, па поради ова мислиме дека гладот е проблем низ целиот континент. Гладот постои во Африка, но не во сите држави. Речиси четвртина од плодната почва во светот е лоцирана овде и целата се користи за агрикултура. Во туристичките места нема проблеми со храна. На пример, рестораните Мекдоналдс се многу популарни во Јужна Африка и Египет.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар