17 луди работи што се сосема нормални во Јапонија
10. Нема манири во јавниот превоз
Седиштата во јавниот превоз не им се нудат на жени, деца или на постари. Кој ќе дојде прв, тој ќе си седи.
11. Модата е луда
Јапонската улична мода е посветена на светли бои и луди дизајни. Понекогаш таа претставува парче од уметноста и секој може да се искажува комбинирајќи чудни бои и модни додатоци.
12. Рестораните изложуваат пластична храна
За ова има посебна професија. Специјалисти прават вештачка храна која е идентична со вистинската. Ја изработуваат од восок и рестораните ја изложуваат како примерок за муштериите.
13. „Двојните“ заби ви даваат најубава насмевка
Холивудската насмевка во Јапонија се смета за провокативна. Но, кривите заби, а понекогаш намерното искривување се добредојдени.
14. Комплицирани тоалети
Командната табла до тоалетите изгледа како да е од вселенски брод. Има дузина копчиња кои се за вклучување, за топлење на школката, па дури и за пуштање музика.
15. Најчудниот музеј
Влезот во Музејот на тоалетот е гордо украсен со златен измет со големина на човек. Изложените работи вклучуваат лизгалка во форма на тоалетна шолја, колекција од вештачки животински и човечки измет, интерактивни изложби и смешни шапки. Ова е првиот музеј посветен на изметот.
16. Сладолед со вкус на нудли, месо или пиво
Вкусовите се разликуваат, но гурманите би требало да го пробаат јапонскиот сладолед, и тоа сите негови вкусови. Не само што можете да најдете сладолед со вкус на нудли, пиво или коњско месо, туку тој се продава на речиси секој агол.
17. Остров на зајаци
За време на Втората светска војна, голем број зајаци биле донесени на островот Окуношима за тајно научно истражување. Програмата била откажана, а зајаците биле пуштени на слобода. Денес овој остров е полн со зајаци кои привлекуваат илјадници туристи.
Бонус: Бикини фармерки
Овој провокативен хибрид од бикини и фармерки со многу низок струк всушност се произведени во Бразил, но најмногу се продаваат во Јапонија.
Иако понекогаш се чудни, постојат неколку работи кои можеме да ги научиме од Јапонците. Погледнете кои.