17 библиски настани кои можеби се потврдени од науката
9. Големите чуми
Во Библијата, Мојсеј со помош на Бог пушта 10 големи чуми врз Египќаните со цел да го натера фараонот да ги ослободи неговите луѓе, Евреите. Со векови луѓето верувале дека овие чуми се само приказна. Чумите вклучувале крвава река за која сега се верува дека е предизвикана од црвени алги и собирање на жаби, скакулци и болви за кои се верува дека биле привлечени од мирисот на алгите.
10. Дополнително објаснување за чумите
Болвите пренесуваат маларија, и можно е ова да ги убило кравите. Кога од небото почнал да паѓа оган, најверојатно потекнувал од некој вулкан во близина.
11. Поделувањето на Црвеното Море
Во Библијата Мојсеј го води неговиот народ кон Ветената земја, а Бог го разделува Црвеното Море за да им помогне да поминат. Евреите безбедно минуваат низ морето, додека Египќаните се удавени. Научниците веруваат дека ветар со брзина од 95 километри на час би можел да подели море како Црвеното.
12. Кралот Давид
Според Библијата, кралот Давид е еден од тројцата кралеви кои владееле со обединет Израел. Со години се шпекулирало за неговото постоење сè додека не се открила статуа наречена „Тел Дан Стел“ која директно билa поврзана со „куќата на Давид“.
13. Назарет
Со години луѓето сметале дека Назарет, градот од каде што потекнува Исус, не постоел како место во кое се живеело во тој период. Но во 2001-ва година археолозите откриле садови, кошници и алатки од 1-виот кои покажуваат дека овде сепак живееле луѓе.
14. Понтиј Пилат
Пилат бил Римјанинот кој го одобрил убивањето на Исус. Неговото постоење станало факт во 1971-ва година со откритието на „каменот на Пилат“. На него пишувало: Понтиј Пилат, префект од Јудеја, го направи Тибериј и му го посвети на августовските богови.
15. Гробницата на кралот Херодот
Во Новиот завет, кралот Херодот убил што е можно повеќе деца обидувајќи се да го убие и детето Исус. Деталите од неговиот погреб се совпаѓале со она што било пронајдено во гробница за која се верува дека е погребан тој.
16. Пророкот Исаја
Постоењето на овој писател на Библијата не беше докажано сè до едно неверојатно археолошко откритие. Бил откриен печат со зборовите „Yesha’yahi“ и „Nvy“, што во превод значи „Исаја, пророк“.
17. Каифа
Во Новиот завет, Каифа е познат како врховниот свештеник што го уапсил Исус за богохулие. Во 1990-та година еден камион удрил во зграда во Ерусалим, па биле откриени остатоците од маж по име Каифа кој живеел во истиот период опишан во Новиот завет.
Дознајте и нешто повеќе за евангелијата кои нема да ги најдете во Библијата.