16-те најголеми растенија и животни на Земјата
9. Медена печурка
Оваа печурка (armillaria ostoyae) е еден од најголемите живи организми на Земјата. Таа покрива површина од 8,4 километри квадратни во националната шума во Орегон и поголемиот дел ѝ е скриен под земја.
10. Меростомата
Меростоматите се најголемите членконоги познати до сега. Тие растеле до 2,5 метри и живееле пред 248-510 милиони години.
11. Големиот корален гребен
Големиот корален гребен е најголемата структура направена од живи организми. Сместен е во Коралното Море и е долг околу 2,300 километри. Површината која ја зафаќа е околу 344.400 километри квадратни.
12. Голема мечка
Кога овие ѕверови стоеле на две нозе, нивната висина достигнувала и 4,5 метри. Со својата моќна вилица, оваа мечка била еден од најмоќните месојади на Земјата за време на Ледената доба. Овој вид изумрел пред 14.000 години.
13. Гигантопитек
Овие мајмуни биле најголеми во свое време и живееле пред околу 1 милион години. Бидејќи се пронајдени многу малку фосили, малку се знае за нив. Сепак научниците веруваат дека нивната висина била до 4 метри, тежеле 550 килограми и најчесто се хранеле со бамбус.
14. Кецалкоалтус
Овие животни живеел пред 66-68 милиони години. Тие се најголемите летачи во историјата на Земјата. Распонот на нивните крилја бил 12-15 метри и се хранеле со мали ‘рбетници.
15. Син кит
Синиот кит е најголемото животно кое живее денес, но е и најголемото животно во историјата на Земјата. Неговата должина достигнува и до 33 метри, а може да тежи и до 150 тони. До 1960-тите сините китови биле речиси истребени – имало уште само 5.000 преживеани. Денес нема повеќе од 10.000 и е вистински восхит да ги видите.
16. Саркосукус
Овие предци на денешниот алигатор биле долги околу 12 метри. Тие се хранеле со мали диносауруси, а нивната моќна вилица им овозможувала да го поделат секој плен.