16 митови од Интернетот во кои треба да престанете да верувате
5. Бел кит кој умрел од јадење ѓубре
Многу луѓе помислија дека на фотографијата се наоѓа вистински кит чиј стомак е полн со отпад. Всушност ова е уметничка инсталација од страна на Greenpeace на Филипините. Целта била да се привлече внимание за проблемот со загадување на океаните. За жал овие нешта навистина им се случуваат на китовите, и тоа не само во Тихиот Океан.
6. Древен астронаут на катедрала во Шпанија
Зошто има астронаут на ѕидот од катедрала изградена во 16-тиот век? За време на реставрацијата на катедралата во 1992-ра година, артистот Џеронимо Гарсија решил да создаде нешто необично па изрезбал фигура што носи скафандер. Според него, го одбрал астронаутот како симбол на 20-тиот век.
7. Опис на фотографија со глутница волци
Според описот на фотографијата, првите 3 волци се најстари и најслаби, следните 5 се најсилни, во средината е остатокот од глутницата, а на крајот се наоѓаат уште 5 силни животни. Последниот е лидер и ја контролира ситуацијата. Но фотографот Чаден Хантер објаснил дека на овој начин волците ловат бизони. Напред нема слаби животни, туку е алфа мажјакот.
8. Женката волк го штити мажјакот
Веројатно ја имате видено оваа фотографија, најчесто со објаснување дека женката се крие и се преправа дека е исплашена, кога всушност го штити грлото на мажјакот. За жал, ова е само приказна. Фотографката Џин Пол изјавила дека во текот на борбата успеала да го фати моментот кога еден од волците скокнал назад. Исто така големи се шансите сите волци на фотографијата да се мажјаци.
9. „Апокалиптично“ зајдисонце во Москва
Оваа фотографија „без Фотошоп“ се всушност две разни фотографии. Небото е фотографирано од Холанѓанецот Мариеке Мандемејкер и е додадено на фотографија од Москва.
10. „Вратата од рајот“ фотографирана од Хабл
Необичната фотографија што ги „воодушеви научниците“ е дело на графичкиот дизајнер Адам Ферис и е направена според вистинска фотографија од маглината Омега.
Продолжува на следната страница…