15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади
6. Лепливи белешки
Доктор Спенсер Силвер се обидувал да создаде трајно лепило, но лепакот што го добивал не бил доволно силен поради што предметите многу лесно се одлепувале. Потоа неговиот колега Артур Фрај му предложил да го искористи неговото лепило за да ги зацврсти своите бележници во црковната песнарка. Наскоро, лепливата хартија за пишување белешки се појавила во продавниците и сѐ уште се користи ширум светот.
7. Високи потпетици
Во древен Египет високите потпетици биле знак за статусот на влијателните функционери кои носеле обувки на високи потпетици за време на религиозните ритуали. Ова важело и за мажите и за жените. Вакви чевли носеле и месарите за да не газат во крв, додека, пак, персиските јавачи ги користеле високите потпетици за да се задржат додека стрелале. Во средновековна Европа, високите потпетици биле привилегија во која уживала само аристократијата, а подоцна станале попопуларни. Конечно, во 20-тиот век биле измислени познатите штикли.
8. Заштитна кеса со меурчиња
Познатата заштитна кеса со меурчиња била измислена од страна на инженерите Алфред Филдинг и Марк Чаванес во 1957 година. Најпрво, таа требала да биде тридимензионален пластичен тапет, но идејата не успеала. Сепак, откривачите забележале дека материјалот може да се користи за пакување и набрзо патентираната заштитна кеса со меурчиња станала достапна во различни места ширум светот.
9. Перници
Во Месопотамија, перниците биле луксуз во кој уживале само богатите луѓе, додека, пак, тврдите перници се користеле како заштита од бубачки и инсекти. Во древна Кина се верувало дека меките перници се бескорисни, додека пак тврдите перници направени од бамбус, жад, порцелан, дрво и бронза овозможувале сила и заштита од демони.
10. Вазелин
Во средината на 19 век, работниците на полињата за нафта постојано се бореле со восочната супстанца која се собирала во нафтените пумпи. Британскиот хемичар Роберт Чезброу видел една генијална можност во сето тоа. Тој земал дел од овој „петролејски восок“, направил истражување и дознал дека тој има многу корисни карактеристики. Како резултат на тоа, неговата употреба на почетокот била многу широка. Вазелинот се користел за лечење рани, но и за чистење теписи!
На третата страница ќе откриете за што првично се користеле и последните 5 секојдневни работи…