15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале - Part 2

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

6. Мучија Прада, 69 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Најмладата правнука на Марио Прада започнала нејзин семеен бизнис за дизајнирање луксузни предмети на 29-годишна возраст. На 40 години таа ја дизајнирала и ја пуштила во продажба нејзината прва женска колекција. 5 години подоцна, таа дизајнирала и машка колекција. Во 2014-та година, Мучија се најде на листата на највлијателни луѓе според Форбс.

7. Џими Чу, 70 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Чу го дизајнирал неговиот прв пар чевли кога имал 11 години. Се преселил од Малазија во Велика Британија за да студира. Откако дипломирал, почнал да работи за дизајнерска куќа, а наскоро отворил негова продавница за чевли. Неговите вештини и дизајни биле брзо забележани на Модната недела во Лондон, па набрзо се прославил.

8. Јоџи Јамамото, 75 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Јамамото се откажал од ветувачката адвокатска кариера за да ѝ помогне на мајка му во шивачкиот бизнис. Токму овде ги усовршил неговите кројачки вештини. Потоа решил да студира дизајн на моден колеџ. Неговата прва колекција била покажана во Париз, 1981-ва година, и речиси веднаш се прославил.

9. Келвин Клајн, 76 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Во младоста, Кевин работел со разни модни куќи во Њујорк. Одвреме-навреме работел и како уличен артист. На 26 години ја основал компанијата Келвин Клајн, заедно со неговиот пријател Бери К. Шварц. Компанијата специјализирала за машка облека, но подоцна вклучил и женска линија.

10. Маноло Бланик, 76 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Кариерата на Маноло започнала на 28 години во Лондон, кога почнал да пишува колумни за чевли во Вог. Една година подоцна, решил да отвори продавница за чевли со негова етикета. На 32-годишна возраст, Маноло стана вториот маж во историјата кој се има појавено на насловната на Вог.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар