15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција - Part 2

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

5. Училиште кое изгледа како канцеларија, Охајо, САД

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Ова училиште нема училници. Во главната соба има една огромна канцеларија со 300 кабини, по една за секој ученик. Секој ученик има сопствен компјутер кој го води низ неговиот индивидуален план на учење. Учениците учат сами и ако имаат прашања можат да им се обратат на инструкторите и да побараат помош. Училиштето е отворено за сите ученици од 3-то до 12-то одделение.

6. Училиште каде децата учат „опасни“ работи, Сан Франциско, Калифорнија

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Наставниците од ова училиште истражиле кои се најопасните работи кои родителите им ги забрануваат на децата и од нив направиле цел наставен план. На децата им е дозволено да се извалкаат, да си играат со оган, да расклопуваат апарати за домаќинство и да цртаат, сѐ тоа во истиот ден. Оваа стратегија им дозволува на учениците да учествуваат во создавањето на планот за учење.

7. Училиште каде не постои разлика во половите, Стокхолм, Шведска

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Образовната програма во ова училиште е основана на принципот на целосна еднаквост помеѓу учениците. Наставниците ја одбегнуваат употребата на заменките како „тој“ и „таа“. Наместо тоа, децата ги нарекуваат со нивните имиња или им се обраќаат со „тие“. Целта на системот е да се избори со стереотипите наметнати на луѓето кои можат да направат да се почувствуваат поразлични од другите. Овој метод на учење исто така придонесува за децата да се развијат во психички здрави личности.

8. Најсветлото основно училиште, Стокхолм, Шведска

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Наместо традиционални библиотеки, ова уникатно училиште има повеќенаменски „ходници за учење“ кои имаат одделни простории за мултимедијални презентации во рамките на наставниот план. Има области и за тивко индивидуално учење и проекти во мали групи. Освен тоа, сите ходници за учење имаат пристап до безжична интернет конекција. Ходниците за учење ја промовираат идејата за соработка меѓу учениците и наставниците и создаваат можност за интередисциплинарно и интегрирано учење. Ходниците се опремени според најновите модерни стандарди, со што го издигнуваат процесот на учење на едно сосема ново, понапредно ниво.

9. Училиште во Силициумска Долина, Сан Франциско, Калифорнија

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Ова училиште нема никаква врска со принципите на традиционалниот пристап кон учењето. Целта на наставниот план е да се поттикнат децата да добијат пофлексибилни размислувања и да се подобрат нивните вештини од областа на технологијата. Децата имаат ајпод на кој добиваат цела „плејлиста“ од активности и учат софтвер за 3Д моделирање, за да изградат куќички за играње. Училиштето е наменето за деца од 4 до 14 години.

10. Училиштето Стив Џобс, Амстердам, Холандија

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Училиштето Стив Џобс се залага за ист третман на сите ученици. Секој ученик треба да има индивидуален план за учење направен според неговите таленти, вештини и интереси. На овој план се врши евалвација и адаптација секои 6 недели од страна на детето, родителите или менторот. Училиштето е отворено за ученици од 4-то до 12-то одделение.

Преминете на следната страница за последните 5 училишта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар