15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд - Part 2

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

6. Аотеароа

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Аотеароа е името на Нов Зеланд на јазикот на Маорите. Може да се преведе како „Земјата на долгиот бел облак“. Според легендата на Маорите, Нов Зеланд бил извлечена од морето од полубогот Мауи.

7. Киви

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Уникатната птица киви може да се најде само во оваа земја. Таа не може да лета и има пердуви кои наликуваат на крзно. Покрај птицата, во Нов Зеланд зборот киви се користи за уште неколку работи. Монетата од еден долар е наречена киви. Во Мекдоналдс продаваат киви бургери. Па дури и самите жители се нарекуваат Киви.

8. Хака

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Хака е традиционалниот танц на Маорите и е навистина импресивен. Со него се покажуваат гордоста, силата и моќта на племето. Денес Хака се користи за да се предизвика противничкиот тим во спортски натпревари и за време на некои важни маорски церемонии. Навистина е интересно што Маорите ја зачувале својата традиција и ја вметнуваат во модерниот живот.

9. Овци

(9) 15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Има по 6 овци за секој жител во Нов Зеланд, што е најмногу во светот. Мерино овцата на фотографијата станала национална легенда. Таа избегала од својот сопственик и лутала цели 6 години. Кога конечно ја пронашле, изгледала токму вака.

10. Хобитон

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Ако сте фан на Толкин и сакате да ја посетите вистинската Средна Земја, Нов Зеланд е местото за вас.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар