15 чудни традиции од целиот свет - Part 2

15 чудни традиции од целиот свет

8. Наздравување без удирање на чашите, Унгарија

15 чудни традиции од целиот свет

Во Унгарија ќе откриете дека луѓето не наздравуваат со удирање на чашите. Оваа традиција потекнува од 1848-ма година, кога Австралија ја згушила Унгарската револуција и прославиле со удирање на чашите. Поради ова, Унгарците решиле да не го прават ова веќе 150 години.

9. Убоди од мравки, Бразил

15 чудни традиции од целиот свет

Во едно бразилско племе, кога момчето ќе дојде до одредена возраст, мора да игра традиционален танц додека носи ракавици полни со мравки-куршуми. Оваа церемонија е особено тешка бидејќи убодот на овие е мравки е еден од најболните во светот.

10. Банџи скокање за добра жетва, Вануату

15 чудни традиции од целиот свет

На Вануату постои ритуал што го изведуваат мажите и за кој се смета дека ќе донесе добра жетва. Скокајќи од високи дрвени кули, без никаква заштита освен лоза заврзана околу глужд, луѓето веруваат дека ова ќе им го подобри физичкото здравје на мажите и ќе донесе среќа во сезоната за берење.

11. Смешни капи за самците, Франција

15 чудни традиции од целиот свет

На 25-ти ноември, во Франција се прославува света Катерина, светица заштитничка на немажените жени. На овој ден, жените кои наполниле 25 години носат жолти и зелени капи кои означуваат мудрост и верба. Додека некои од славеничките го слават денот со надеж дека наскоро ќе се венчаат, другите гордо го прифаќаат нивниот сингл живот.

12. Фрлање на покуќнината низ прозор, Јужна Африка

15 чудни традиции од целиот свет

За време на Нова година, многу држави прославуваат со огномети, но во Јужна Африка постои малку поразлична традиција. Со цел да го обележат почетокот на новата година, луѓето ја фрлаат нивната покуќнина низ прозорецот. Традицијата е надгледувана од полиција со цел никој да не се повреди.

13. Бизнис состаноци во сауна, Финска

15 чудни традиции од целиот свет

Сауната има голема улога во финската култура. Ова не е само место за релаксирање, туку и за дискутирање бизнис, па дури и политика. Всушност, честа традиција во светот на бизнисот е колегите или бизнис партнерите да одат во сауна за да разговараат во поопуштена атмосфера.

14. Плачење пред свадбата, Кина

15 чудни традиции од целиот свет

Додека во повеќето држави свадбата е церемонија исполнета со смеење, во Кина на традиционалната венчавка ѝ претходи цел месец плачење од страна на невестата. По неколку денови ѝ се придружува мајка ѝ и другите членови од семејството за да ѝ посакаат среќа за идниот брак.

15. Не користете ја левата рака, Средниот Исток

15 чудни традиции од целиот свет

Во многу држави од Средниот исток, јадењето или поздравувањето со лева рака се смета за неучтиво и нехигиенски. Бидејќи левата рака се користела за чистење после посета на тоалет, често се гледа како валкана и никогаш не се употребува на маса или за поздравување пријатели.

Погледнете и некои од најинтересните традиции со бакнување ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар