14-те најмоќни семејства кои владеат со Холивуд
8. Фиенес
Англискиот фотограф Марк Твислетон Фиенес и неговата сопруга Џини имале 7 деца, од кои 5 продолжиле по креативниот пат на нивните родители. Сестрите Марта и Софи станале режисери, додека брат им Магнус се одлучил за музика. Ралф и Џозеф се познати актери. И втората генерација почнала да се појавува во индустријата. Синот на Марта се појавил во филмовите за Хари Потер како младата верзија од Волдеморт.
9. Смолет
Уште едно големо семејство полно со изведувачи е Смолет. Џез, Џоки, Џејк, Џоџо, Џунри и Џуси се појавиле во серијата Сами (On Our Own). Во реалноста, 6 од децата биле одгледани од нивните родители Џенет и Џоел во Њујорк. По серијата повеќето продолжиле со бизнисот, и тоа секој со различен успех. И покрај славата, сите членови од семејството се поддржуваат едни со други и често се појавуваат на своите профили на социјалните мрежи.
10. Ноксон/Кохан
Режисерот на документарци, Николас Ноксон кој има добиено неколку Еми награди, има 4 деца со својата прва жена. Две од нив станале навистина познати – Марти и Кристофер. Марти е писател, продуцент и режисер. Кристофер е новинар и се има појавено во неколку емисии. Иако не е многу познат во Холивуд, веројатно го имате слушано името на неговата сопруга, Џенџи Кохан. Џенџи е креаторот на популарните серии Трева (Weeds) и Портокаловото е новото црно (Orange Is the New Black). Нејзиниот брат исто така има работено на неколку серии. Џенџи, брат ѝ и татко ѝ имаат освоено Еми награда.
11. Баримор
Уште во 19-тиот век, актерот Морис Баримор се венчал со неговата колешка Џорџијана Дру. Парот имал 3 деца од кои сите станале актери. Најмладиот од нив, Џон, се венчал со актерката Долорес Костело, а нивното дете Џон Дру Баримор е татко на познатата актерка Дру Баримор. Ова семејно стебло е навистина заплеткано, но нивната приказна за жал не е среќна. Таткото на Дру имал 4 деца со 4 различни жени и целиот живот се борел со зависност. Дру има две многу млади ќерки, па сè уште е рано да се каже дали и тие ќе одберат кариера во шоу-бизнисот.
12. Рејнолдс/Фишер
Актерката Деби Рејнолдс потекнува од работничката класа, нешто што ѝ е заедничко со првиот сопруг, актерот Ед Фишер. Иако тој ја напуштил за актерката Елизабет Тејлор, заедно имале 2 деца, Кери и Тод Фишер. Кери е позната по нејзината улога на принцезата Леа во франшизата Војна на ѕвездите. Ќерката на Кери, Били, денес е актерка и се има појавено во последниот филм од Војна на ѕвездите.
13. Бриџис
Иако повеќето од браковите во Холивуд се неуспешни, ова не важи за Лојд и Дороти Бриџис. Парот се запознал на студии и биле заедно речиси 60 години, сè до смртта на Лојд во 1998 година. Тие имале 4 деца, од кои најпознати се актерите Бо и Џеф Бриџис. Браќата често глумеле заедно. Бо имал 2 брака, а неговиот син Џордан исто така е актер. Џеф има импресивна кариера која му донесе и Оскар.
14. Хјустон
Волтер Хјустон имал едно дете со неговата сопруга Реа, синот Џон. Џон е писател и режисер на многу познати филмови. Тој бил во брак 5 пати и имал неколку деца, од кои повеќето се во шоу-бизнисот. Најпозната од нив е Анжелика Хјустон која нам ни е позната како Мортиша од Семејството Адамс (The Addams Family). Актерката нема деца, но била во врска со Џек Николсон речиси цела деценија.