14-те најлоши интервјуа за работа - Part 2

14-те најлоши интервјуа за работа

8. „Ги бакнав сите во образ…“

„Бев дел од голем процес на селекција и имавме тест за евалвација. Кога стигнав, ги бакнав сите луѓе кои требаше да нè надгледуваат. Никогаш не ми се јавија.“

9. „Ме прашаа дали пушам“

„На интервјуто ме прашаа дали пушам. Јас одговорив со: ‘Што?’ Човекот кој ме интервјуираше многу се смееше, но не добив повик.“

(4)14-te-najloshi-intervjua-za-rabota-kafepauza.mk

10. „Каде е автобусот?“

„Жената која ме интервјуираше беше многу пријателски настроена и ме праша дали живеам во близина и дали ми е тешко да стигнам до таму. Јас ѝ реков секако дека не… По интервјуто таа мораше да ме испрати до автобуската постојка бидејќи не знаев како да стигнам до таму.“

11. „Ме прашаа за хигиената, а јас морав да се шегувам“

„Ми поставија неколку прашања за мене, и не знам зошто ме прашаа и за мојата лична хигиена. Јас им реков: ‘Се бањам само во недела. Се шегувам се разбира!’ Не добив повик од нив.“

12. „Искршив сè во продавницата“

„Отидов на интервју во една продавница. Со раката се потпрев на една полица и целото стакло падна на подот и се искрши. Стануваше збор за навистина скапа стаклена полица. Си помислив дека ќе ме најмат цел месец само за да им ја исплатам штетата.“

(5)14-te-najloshi-intervjua-za-rabota-kafepauza.mk

13. „Ми се гледал градникот…“

„Отидов на интервју за работа со чантата ставена преку рамо. Таа ми ги откопчала сите копчиња на кошулата, а јас воопшто не забележав. Сфатив дека ми се гледа градникот дури кога заврши интервјуто. Не ја добив работата.“

14. „Бев брутално искрена“

„Еднаш во едно групно интервју игравме една игра. Една личност ѝ ги покрива очите на друга, а трета ги води со цел да видат како функционираме како тим. Моите очи беа покриени, а жената која ме водеше ме сопна и си ја удрив ногата. Нам ни беше потребно најмногу време да ја извршиме задачата. На крајот ѝ реков на жената дека е ужасна и дека нема никогаш да ѝ верувам бидејќи речиси ме уби. Подоцна дознав дека ги најмиле сите освен мене.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар