14 одвратни работи кои секоја девојка ги прави за убавина

14 одвратни работи кои секоја девојка ги прави за убавина

Девојките важат за уредни, средени личности кои секогаш изгледаат совршено. Тешко е да се поверува дека сепак девојките прават некои навистина одвратни работи кога станува збор за негата на нивното лице, хигиената на нивниот прибор за шминкање и отстранувањето на влакненцата од телото. Следуваат 14-те најодвратни работи кои секоја девојка ги направила барем еднаш и кои засекогаш ќе ви ја променат сликата за нив…

14 одвратни работи кои секоја девојка ги прави

1. Стискаат мозолчиња иако знаат како ќе заврши тоа

Сите девојки ги стискаат мозолчињата додека не пукнат и не се разлее гној од нив насекаде. Што е најстрашно, последиците не можат секогаш да се покријат со шминка бидејќи сте направиле рана. И сепак сите девојки го прават ова. Секогаш.

2. Не ги мијат четките за нанесување шминка

Сигурно си велите „Па, што? Лицето ми е чисто кога ставам шминка, па затоа и четката сигурно е чиста.“ Но, сите многу добро знаеме дека тоа е лага. И потоа се прашуваме зошто ни се исфрлило лицето, како да не знаеме дека тоа веројатно се случило затоа што не сме ги измиле четките. Браво за нас!

3. Ја користат истата маскара две години затоа што уште не се потрошила

„Што? Треба да ја менуваме нашата маскара секои три месеци за да не се изложиме на ризик од очна инфекција? Нема шанси. Маскарата беше скапа и не можеме да си дозволиме да трошиме толку пари на маскара секои три месеци.“ Ова е рационалното објаснување во главата на секоја девојка.

4. Ја поправаат шминката на очите со помош на прст и плунка како да нема други опции

Сигурно имате влажни марамчиња дома, но дали ќе станете да земете за да ја поправите шминката како секоја возрасна жена? Нема шанси. Зошто кога плунката функционира одлично?!

5. Го отстрануваат лакот со чепкање на ноктите

Баш во моментов немате ацетон, а и онака половина од лакот е веќе изваден. А ова е одличен начин да го поминете времето на работа кога ви е здодевно. Плус, на бирото имате оставено еден тажен куп остатоци од лак како потсетник на тоа колку сте одвратни.

6. Откако случајно ќе истурат повеќе пудра отколку што требало, ја бришат од раката и ја враќаат во шишенцето

Единствено поодвратно од ова е ако истурите пудра на лавабото или подот и ја вратите назад, затоа што е многу скапа, па што има врска?! Ију!

7. Се обидуваат да ги исчистат порите на носот со тоа што силно го стискаат

Не само што ова нема никаков ефект, туку и носот е екстремно црвен потоа. А зошто е црвен? Затоа што вашиот нос ве предупредува да користите лента за чистење пори наредниот пат. Имате такви ленти во фиоката, не се преправајте дека не знаете каде се.

(2) 14-odvratni-raboti-koi-sekoja-devojka-gi-pravi-kafepauza.mk

8. Чуваат кутиче со испокршена камена пудра која се истура насекаде секогаш кога ќе го отворат

Затоа што полесно е да ја чистите пудрата од вашите црни фармерки отколку да набавите ново кутиче.

9. Ја лизнуваат четката за нанесување креон затоа што ги мрзи да ја намократ

Технички си го лизнувате вашето око одново и одново. Прекрасно!

10. Спијат со шминка

Најчестиот совет за убавина кој можете да го прочитате во секое можно списание е да не спиете со шминка. И вие си велите „Да, да, знам“ и потоа сепак го правите тоа. Не само што е одвратно, туку и нема шанси потоа да ја извадите маскарата од белата навлака за перница. Зошто го правите тоа?

11. Го делат креонот со пријателката без претходно да го исчистат

Постојано се убедувате себеси дека на овој начин не се шират бактерии, затоа што добро ја познавате и многу ја сакате вашата пријателка. Како пријателството да може да ги убие бактериите на шминката.

12. Пробуваат тестери за шминка иако знаат дека ги пробале уште 3.000 други луѓе

Сигурно постојано се убедувате себеси дека баш тој креон го пробале луѓе кои биле екстремно чисти и нема шанси да ви пренесат некоја инфекција. А веднаш потоа, наредните неколку часа се плашите дека ќе ги изгубите очите затоа што креонот бил заразен со неизлечива болест.

13. Ги користат прстите како четка за нанесување руж

Ќе сфатите дека ова е ужасна идеја веднаш штом се погледнете во огледало и забележите дека изгледате како 2-годишно дете кое само се нашминкало.

14. Кога ќе забележат дека пропуштиле некое влакненце при бричењето, самите го искорнуваат со раце

Признајте дека не избирате ниту време, ниту место за да го направите ова!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар