14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив - Part 2

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

8. Тијарата Флор де лис

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Оваа тијара е од колекцијата на кралицата Викторија од Шпанија. Ја добила како свадбен подарок од нејзиниот сопруг во 1906-та година. Тијарата е изработена од платина и огромни дијаманти. Кралицата ја земала тијарата со неа за време на нејзиниот егзил, а откако бил вратен тронот тијарата ја добила принцезата Софија, сопругата на кралот Хуан Карлос.

9. Тијарата на принцезата Мако

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Јапонската принцеза Мако почнала да посетува формални настани на 20-годишна возраст и тогаш ја добила тијарата за оваа прилика. Направена е за неа од јапонската фирма Wako. Кога ќе се венча за нејзиното момче, тијарата ќе се чува во кралскиот сеф. Поради овој брак, таа ќе ја изгуби нејзината титула.

10. Дијамантската тијара на кралицата Алија од Јордан

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Кралицата ја добила оваа тијара како подарок од нејзиниот сопруг. Тијарата е посебна поради нејзиниот модерен дизајн. Интересно е што ова кралско семејство нема колекција од круни, а тијарите се пренесуваат од мајка на ќерка. Во 1977-ма година кралицата загина во хеликоптерска несреќа и тијарата ја наследи нејзината ќерка, принцезата Хаја.

11. Тијарата со рубини

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Оваа тијара декорирана со црвени рубини е дел од колекцијата на грчкото кралско семејство со децении и прво ѝ припаѓала на кралицата Олга од Хелените. Денес најчесто ја носи кралицата Ана Марија.

12. Римско грчка тијара

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Оваа тијара била направена за британско германската принцеза, која била идна Романов војвотка, околу 1905-та година. Таа била присилена да ја напушти државата за време на револуцијата. Во 1921-ва година тијарата ја купила кралицата Мери од Романија како подарок за нејзината снаа, принцезата Хелена од Грција. Тијарата ја наследила принцезата Ана која ја вратила во Романија во 1993-та година.

13. Античка бисерна тијара

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Холандското кралско семејство е горд колекционер на скапоцености, но оваа тијара е одбрана за кралицата Максима. Бил дизајнирана во 1900-тата година, а дијамантите датираат од 17-тиот век.

14. Тијарата на кралицата од Малезија

14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Круната што моментално ја носи кралицата од Малезија е дијадема направена од платина и дијаманти во 1984-та година. Судбината на оваа тијара е интересна бидејќи новиот крал се избира на секои 5 години, па таа не останува во едно семејство.

Погледнете ја и колекцијата круни на британското кралско семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар