14 модерни работи кои постоеле долго пред нас
8. Автомат, 1-ви век
Денес автоматите можат да ни продадат речиси сè. Но во времето на Херо од Александрија, автоматите биле поставувани само во храмовите и од нив можело да купите света вода. Откако ќе ставите монета во машината, се активирал механизам кој пуштал вода.
9. Броило, 1-ви век
Инструментот за мерење на растојанието поминато со возило, или броило, најверојатно бил измислен од Архимед од Сиракуза. Првото броило изгледало како сет од тркала со броеви на нив кои го покажувале изминатото растојание на возилото кое се движело. Независно од изумот на Архимед, слична направа измислил и кинескиот филозоф Жанг Хенг.
10. Сеизмометар, 132-ра година
Друг изум на Жанг Хенг е сеизмометар кој можел да реагира пред почетокот на земјотрес. Ова било навистина чудна, но прецизна конструкција. Бронзена топка биле проектирана од една од 8-те цевки кои имале форма на змејска глава. Топката паѓала во устата на метална жаба која била поставена под нив, со тоа покажувајќи ја насоката од која доаѓал шокот.
11. Компјутер, 100-та година
Механизмот Антикитера се смета за древен компјутер. Оваа направа го следела движењето на небесните тела и можела да ги предвиди соларните и лунарните еклипси. Исто така, оваа направа се користела и за пресметување на датумот на следните Олимписки игри.
На оваа фотографија се гледа девојче кое држи направа која многу наликува на денешните лаптоп компјутери, а ова само ги разгорува теориите на заговор. Се разбира, лаптопите не постоеле во 100-тата година, и овој предмет најверојатно е кутија за накит.
12. Очила за сонце, 10-ти век
Раширено е верувањето дека овој предмет бил измислен од Инуитите кои сакале да ги заштитат своите очи од снегот. Нивните очила не биле направени од стакло, туку од коска од морж. Првите стаклени очила се појавиле подоцна, во 12-от век во Кина. Тие биле користени за да се прикрие изразот на лицето, а не како заштита од сончевата светлина.
13. Древен скафандер
Друга енигма која ги прогонува фановите на теориите на заговор е фасадата на Новата катедрала во Саламанка, Шпанија. На фасадата која е стара 300 години се наоѓа вистински астронаут. Дали нашите предци навистина патувале низ вселената, или пак се сретнале со вонземјани во скафандери? Вистината е многу едноставна, фигурата на астронаутот била додадена при реставрацијата на катедралата во 1992 година. Целиот заговор е всушност нечија шега.
14. Претходник на смартфонот?
Сликата на артистот Умберто Романо од 1933 година прикажува Индијанец кој држи предмет кој многу наликува на денешните смартфони. Можеби станува збор за огледало, но сигурно е позабавно да мислите дека можеби артистот ги предвидел смартфоните.