14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници - Part 2

14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

8. Роботот на Леонардо да Винчи, 17-ти век

Леонардо да Винчи бил вистински гениј, па сигурно никој не бил изненаден кога бил пронајден негов план за робот. Нацртот бил откриен во 1950 година. Не е познато дали научникот навистина го направил роботот, но изгледал премногу реалистично и можел да имитира едноставни човечки движења.

9. Древно хемиско оружје, 256 година

(9014-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

На почетокот на 20-тиот век, биле пронајдени 19 римски стотници и 1 персиски војник во тунел во сирискиот град Дура. Научниците на почетокот мислеле дека војниците умреле бидејќи се срушил тунелот, но понатамошните истражувања ги изненадиле. Војниците биле згушени од облак од сулфур диоксид, а ова е првиот доказ за хемиско оружје.

10. Линиите Наска, 2-ри век

(10)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Овие неверојатни цртежи се наоѓаат во Перу. Досега се познати 30 слики – како на пример, мајмун, птица, пајак, околу 700 триаголници и спирали. Поради сувата клима, цртежите се видливи и денес. Но, нема никакво објаснување за тоа како и зошто се направени.

11. Шифриран натпис од Велигденските острови

(11)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Велигденските острови се познати по статуите, но овде има и многу поинтересни работи. Откриени се 24 дрвени плакети на кои се гравирани симболи чие значење не е познато. Овие симболи се наречени Ронгоронго.

12. Човечки череп со рогови

(12)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Овој череп бил пронајден во Пенсилванија во 1880-тите. Неговата анатомија е совршена, со исклучок на двата рога. За жал нема како да се докаже автентичноста на овој череп бидејќи тој исчезнал веднаш пред да почне истражувањето.

13. Мистеријата за прекривката од Торино

(13)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Се верува дека прекривката од Торино го има ликот на Исус Христос. Според приказната, кога Исус бил распнат неговото тело било обвиено со ова платно. Ако погледнете внимателно можете да забележите отпечаток од лице, па дури и дамки од крв. Сепак научниците сè уште не можат да се согласат за значењето на овој артефакт.

14. Метални канџи

(14)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Археолозите во Перу откриле гробница во која се наоѓале овие канџи. Се верува дека се направени од цивилизацијата Моче пред околу 1.500 години. Можно е артефактот да бил дел од некој костим за церемонијална битка. Губитникот бил жртвуван, а победникот го добивал костимот со канџите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар