13-те најскапи раси на мачки
7. Сфинга
Цена: од 800 до 1.700 евра
Првата мачка од овој вид била забележана во Канада, околу 1966 година. Името го добила поради сличноста со египетските скулптури. Бидејќи немаат крзно, овие мачиња бараат редовно бањање.
8. Руска сина мачка
Цена: од 500 до 2.600 евра
Овие мачки имаат кратко крзно кое ретко им паѓа. Доколку сакате ваква мачка, бидете подготвени за честа посета на ветеринар. Тие се нежни и многу лесно се разболуваат.
9. Петерболд
Цена: 1.500 до 2.600 евра
Оваа мачка потекнува од Русија и има многу малку, или воопшто нема влакна. Цената зависи од годините на мачката и должината на крзното. Овие мачки многу се приврзуваат, па бидете подготвени да им посветувате многу внимание.
10. Персиска мачка
Цена: 1.600 до 2.600 евра
Не е познато потеклото на овој вид, но најстарите претстави со мачки во Велика Британија вклучувале и персиски мачки. Овие мачки се долговечни, живеат околу 15 години.
11. Мајне Кун
Цена: 850 до 3.100 евра
Овој вид е помеѓу најстарите во Северна Америка, од каде што и потекнуваат. Овие мачки се навистина големи, достигнуваат и до 8 килограми.
12. Бенгалска мачка
Цена: 1.300 до 4.500 евра
Овие мачки се хибрид од азиски леопард и домашна мачка. Биле признати како вид во 1991 година. Познато е дека понекогаш овие мачки достигнувале цена и до 9.000 евра.
13. Савана
Цена: 900 до 18.000 евра
Оваа мачка е резултат на вкрстување на африканска дива мачка и домашна мачка. На секоја од овие мачки ѝ се бележи потеклото. На пример, ако нејзините родители се домашна мачка и африканска дива мачка, таа е прва генерација и има највисока цена. Женка родена во прва генерација може да достигне цена и до 18.000 евра.