13-те најчудни циркуски точки и изведувачи - Part 2

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

7. Семјуел Гилберт Скот

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Семјуел скокал од секое високо нешто што ќе го најдел. Тој служел во морнарицата на САД, а подоцна станал професионален каскадер. Тој направил скок во близина на Нијагарините Водопади од 180 метри, нешто кое сите сметале дека е невозможно. Потоа скокнал од карпа која била висока 73 метри каде што настанале компликации, и за малку ќе го изгубел животот. Кога повторно се случил сличен проблем, едно јаже се затегнало околу неговиот врат, а публиката мислела дека е дел од перформансот. Додека да сфатат што се случува, веќе било доцна.

8. Ел Нињо Фарини и Мадмазел Лулу

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Семјуел Васгејт бил сираче посвоено од акробатот Вилијам Леонард Хант. Тој станал познат на 10-годишна возраст со неговата точка каде што тропал на тапан додека се држел на трапез со неговиот брат. Во 1870-та година почнал да глуми женски акробат познат како Мадмазел Лулу. Но, 8 години подоцна „Лулу“ се повредила, па неговиот пол бил откриен. По овој настан, Семјуел продолжил со перформансите, но како маж.

9. Генерал Том Тамб

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Чарлс Шервуд Стратон, вистинското име на генерал Том Тамб почнал со својот перформанс како овој лик на 5-годишна возраст. Тој стекнал толкава популарност што уживал во навистина луксузен живот. Тој се појавил 2 пати пред кралицата Викторија и го запознал 3-годишниот принц од Велс, кој подоцна станал крал Едвард VII.

10. Голтачи на мечови

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Додека голта меч, акробатот го става мечот преку хранопроводот во стомакот. Оваа вештина не бара голтање, туку опуштање на хранопроводот. Потребно е многу физичка и психичка подготвеност. На некои изведувачи им се потребни многу години за да ја совладаат оваа вештина.

11. Ѕидот на смртта

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Бестрашниот Егберт бил првиот британски шоумен кој се возел во Ѕидот на смртта – посебно направена патека за трикови кои ѝ пркосат на гравитацијата. Постоеле стотици ѕидови на смртта кои патувале низ САД, но најпознат бил „Liondrome“ во кој акробатот бил придружуван од лав. Возењето со лав било навистина ризично бидејќи постоела опасност животното да се исплаши и да го нападне акробатот.

12. Ада Исакс Менкен

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Ада била американска актерка, уметница и поетеса. Таа била најпозната по нејзината улога во „Mazeppa“. Самото дејство на претставата е обична романса, но точката на Ада со коњот ја прославила претставата. Марк Твен и Чарлс Дикенс биле некои од нејзините фанови.

13. Жената со брада

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Ани Џоунс е најпознатата жена со брада. На 5-годишна возраст веќе имала мустаќи и била позната како „девојчето со брада“. Нејзината состојба предизвикува растење на влакна на необични делови од телото. Но, токму ова ја направило Ани уникатна и славна. Исто така, таа е позната и по нејзиниот музички талент.

Погледнете и некои од најопасните циркуски точки кои се изведуваат и денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар