13 ресторани ширум светот каде што храната не е главната атракција - Part 2

13 ресторани ширум светот каде што храната не е главната атракција

7. Грота Палазесе, Италија

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Тајланд не е единственото место каде што можете да јадете во пештера. Овој пештерски ресторан во италијанскиот град Полињано а Маре е лоциран на височина од 25 метри над Јадранското море.

8. Вечера во облаците, 45 држави

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Основачите на овој концепт докажаа дека дури и платформа од градежен кран може да биде ресторан. Белгија е родното место на проектот, но рестораните почнаа да се појавуваат во 45 држави околу светот.

9. Ресторан-трамвај, Австралија

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Посетителите на овој ресторан добиваат 2 нешта – уживање во прекрасниот Мелбурн и неговите предградија, како и вечера во ретро трамвај. Ресторанот организира гала вечери како и затворени приеми како утрински чај или појадок.

10. Тринити Плас, САД

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Во 1904-та година, ова бил најголемиот и најбезбедниот банкарски сеф во светот. Денес ова место во Њујорк е претворено во одличен ресторан.

11. Панорамик, Франција

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Главната атракција на овој ресторан е панорамскиот поглед на Монблан. Неверојатниот планински поглед на височина од 2.700 метри е сосема доволно да се импресионираат посетителите. Сепак, покрај ова ресторанот нуди и неверојатна храна.

12. Ресторан-карпа, Занзибар, Танзанија

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Името на ресторанот кажува доволно – отворен е на врвот на карпа над водата. Наводно овде нема место ни за 20 маси, но тоа не е важно. Морската храна сигурно има подобар вкус на оваа локација.

13. Карвансарај, Азербејџан

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Можете да ја пробате националната кујна на многу места во Баку, но само едно има ваков неверојатен покрив.

Погледнете ги и овие ресторани кои овозможуваат неверојатно искуство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар