13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат - Part 2

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

7. Мувите живеат само 24 часа

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Возрасните муви не живеат 24 часа, туку 2 до 4 недели. Исто така тие можат да ја поминат целата зима во хибернација.

8. Јазикот има 4 делови за вкус

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Всушност, целиот јазик може да чувствува вкус и митот дека постојат 4 делови е резултат на лошо преведен текст на германски научник.

9. Златната рипка има меморија од само 3 секунди

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Златната рипка може да помни подолго од 3 секунди. Научниците од Израел спровеле и истражување за да го покажат ова. Тие се обиделе да научат златна рипка да добива храна откако ќе направат одреден звук. Рибата го помнела звукот и 5 месеци подоцна.

10. Луѓето имаат 5 сетила

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Луѓето имаат над 5 сетила. Некои научници сметаат дека бројот е 21, вклучувајќи ги сетилата за рамнотежа, болка, температура и перципирање на говорот на телото.

11. Треба да користиме гел за туширање секој ден

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Кога секојдневно се туширате со шампон, ги отстранувате природните масла од кожата. Поради ова кожата може да стане сува и подложна на разни болести. Во ред е секојдневно да користите гел за туширање на дланките, пазувите и гениталиите. За целото тело, сосема доволно е да се туширате со шампон 2-3 пати неделно.

12. Користењето ајлајнер е безбедно

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Кога жените нанесуваат ајлајнер, обично не помислуваат дека моливчето може да биде заразено со бактерии, габи и други опасни нешта. За да го намалите ризикот од инфекција, менувајте ја шминката на секои 3 месеци и избегнувајте да ја нанесувате во линија на трепките.

13. Биковите реагираат на црвената боја

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Всушност, биковите не гледаат боја, туку движење. Нив ги иритира парчето материјал што се движи пред нив.

Погледнете ги и митовите во кои веруваме благодарение на рекламите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар