13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот - Part 2

13 неверојатни работи кои во овој момент се случуваат во светот

7. Гвинеја црвот е речиси истребен

ap040728023520

Овој паразит може да биде вистински кошмар. Тој влегува под човечката кожа и еруптира. Случаите на заразени лица сè повеќе се намалуваат благодарение на филтрите за вода во форма на цевче кои се евтини и лесно достапни.

8. Наскоро можеби ќе ја пиеме и морската вода

(8)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Научниците дојдоа до големо откритие во април оваа година. Тие создале мембрана од графин оксид која ја „собира“ солта од морската вода. Иако сè уште се работи на случајот и е тестиран само во лабораторија, сепак ова е чекор напред во вистинската насока.

9. Можеби има лек за Алцхајмеровата болест

(9)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Според истражување од МИТ, изгубените сеќавања може и да не се толку изгубени. Истражувачите покажале дека можат да ги повратат овие сеќавања кај глувци со тоа што работеле на ензимот кој ја формирал блокадата. Иако има уште многу за истражување, сепак ова е големо достигнување.

10. Можеме да лечиме повреди на ‘рбетниот столб

(10)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Иако не е лесно, сепак може да се направи. Неодамнешните истражувања покажале дека со користењето нова технологија може да се излечат многу повреди на ‘рбетот.

11. Пристига лекот за аутизам

(11)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Иако ова истражување било мало, се покажало како многу корисно. Научниците пронашле дека со користењето сурамин, симптомите на аутизам значително се намалиле кај децата. И овде има уште многу за истражување, но сепак станува збор за потенцијален лек за третирање на една од најтешките болести што се јавуваат во детството.

12. Детската парализа можеби ќе биде само дел од минатото

(12)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Во 2016-та година имало само 19 забележани случаи на детска парализа во целиот свет. Во 2017 година, до денес се забележани помалку од 10 вакви случаи.

13. Витамин за намалување на ризикот од спонтан абортус

(13)13-neverojatni-raboti-koi-vo-ovoj-moment-se-sluchuvaat-vo-svetot-kafepauza.mk

Истражување кое траело 12 години ни покажа дека жените би можеле да го избегнат спонтаниот абортус, како и дефектите при пораѓај со тоа што ќе консумираат витамин Б3 во текот на бременоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар