13 митови за диносаурусите кои не се точни
7. Диносаурусите живееле во вечно лето
Во сите музеи диносаурусите се изложени во тропска средина. Иако ова е вистина за повеќето видови, сепак постојат диносауруси кои живееле во студена средина.
8. Секој древен влекач е диносаурус
Диносаурусите биле само дел од група животни наречени аркосауруси, во која спаѓаат и крокодилите. Тие се одделиле пред околу 245 милиони години.
9. Диносаурусите изумреле бидејќи не еволуирале
Диносаурусите преживеале дури 150 милиони години! Додека ние, и нашите предци сме овде само околу 6 милиони години. Најстариот фосил од хомо сапиенс е стар околу 200.000 години.
10. Диносаурусите се истребени
Постојат неколку докази кои укажуваат дека птиците се всушност резултат од еволуирани диносауруси. Некои научници дури сметаат дека птиците се диносауруси. Една група од нив го преживеала ударот од астероидот кој ги уништил речиси сите други. Ноевите, кокошките, гулабите, пингвините и многу други птици се поблиску до диносаурусите отколку крокодилите, желките, гуштерите и змиите.
11. Диносаурусите се првите влекачи кои владееле со земјата
Првите влекачи еволуирале од водоземците пред околу 300 милиони години. Првите вистински диносауруси се појавиле дури пред 230 милиони години.
12. Астероидот ги убил сите диносауруси наеднаш
Иако многу научници се согласуваат дека пред околу 65,5 милиони години, на полуостровот Јукатан удрил огромен метеор, сепак изумирањето не се случило веднаш. Биле потребни илјадници години за да изумре целиот вид.
13. Луѓето и диносаурусите живееле во ист период
Единствениот случај каде што човек гледа жив диносаурус е во Паркот Јура. Диносаурусите изумреле пред околу 65 милиони години, додека нашите предци почнале да се појавуваат пред 6 милиони години.
Прочитајте и нешто повеќе за „староста“ на диносаурусите.