13 историски мистерии кои конечно се решени - Part 2

13 историски мистерии кои конечно се решени

7. Изгубената војска на Камбисес Втори

Во 524 година пред нашата ера, војската на персискиот крал Камбисес Втори тргнала против Етиопјаните. Над 50.000 војници тргнале во поход, но сите до еден мистериозно исчезнале зад себе оставајќи само легенда. Дури неодамна научниците Анџело и Алфредо Касиљони ги откриле остатоците на легендарната војска. Овие пронајдоци покажале дека војската не исчезнала, туку сите војници биле убиени од песочна бура.

8. Главата Бошам

(8)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Овој артефакт речиси 2 века немал име поради лошата состојба во која бил пронајден. Ласерското скенирање помогнало да се идентификува „сопственикот“ на главата, кој излегло дека е римскиот император Трајан. Денес се смета дека статуата ги „поздравувала“ патниците на пристаништето Чичестер, додека нејзината глава е можеби најважниот артефакт од римска Британија.

9. Движечките камења во Долината на смртта

(9)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Секој кој ќе ги погледнел камењата во Долината на смртта во Калифорнија бил запрепастен, бидејќи тие изгледале како да се движат штом ќе го тргнете погледот од нив. За овој феномен немаше никакво објаснување сè додека Ралф Лоренц не докажа дека околу камењата се формира школка од мраз. Кога се топи, камењата почнуваат да се лизгаат поради ветрот.

10. Исчезнатиот гроб на Ричард Трети

Гробот на Ричард Трети се сметал за ограбен, а неговото тело фрлено во водата кога манастирот во кој бил закопан бил купен од приватен поседник. Научниците се надевале дека ќе го пронајдат гробот, и успеале во тоа. Нивниот амбициозен проект завршил со одлични резултати, и ДНК тестовите покажале дека остатоците кои ги пронашле навистина му припаѓале на Ричард Трети.

11. Изгубениот екипаж на Мери Селест

(11)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Мери Селест е познат брод-дух откриен во 1872 година, без трага од екипаж или каква било штета. Хемичарката Андреа Села направила експеримент со кој го објаснила феноменот. Имало околу 1.700 буриња со алкохол на бродот кои веројатно се запалиле и предизвикале „невидлива експлозија“ во која огнениот ѕид е следен од бран ладен воздух кој го отстранува огнот. Екипажот веројатно го напуштил бродот и загинал во морето.

12 Древниот египетски хеликоптер

(12)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Хиероглифите Абидос во храмот на Осирис се тема на многу дебати бидејќи содржат симболи кои наликуваат на хеликоптер, тенк па дури и на авион. Токму овие симболи беа причина за многу теории за тајното знаење на древните Египќани. Но, научниците успешно ги „вратиле“ хиероглифите во нивната оригинална форма, и се покажало дека тие биле искривени и оштетени со текот на времето. Нашиот мозок нè натерал во нив да гледаме форми кои ни се познати.

13. Данска го прифатила христијанството многу порано

(13)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Откритието на археологот аматер Денис Холм излегло како едно од најважните настани во Данска. Во 2016 година додека истражувал на островот Фунен со неговиот детектор за метал, Денис пронашол златен медалјон за кој подоцна се утврдило дека го претставува Исус распнат на крстот. Ова е најстариот христијански симбол во Данска и можеби ќе ја промени историјата на христијанството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар