13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата - Part 2

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

7. Шумски пожар

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Овој град во Шпанија се наоѓа на 100 километри од шумски пожар. Фотографијата е направена во 10 часот наутро. Во 2017-та година, само во САД биле забележани 66.131 пожар. Овие неконтролирани пожари уништиле површина од околу 39.000 километри квадратни. Важно е да се напомене дека 90% од шумските пожари се последица на човечката невнимателност.

8. Розова боја во градски резервоар на Русија

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Промената на хемискиот состав на атмосферата предизвикува формирање на кисел дожд. Тој е отровен за околината и ги загадува почвата и резервоарите со вода.

9. Плажа во Рио де Жанеиро

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Според предвидувањата на научниците, популацијата на Земјата ќе достигне 9 милијарди до 2030-та година. Размислете, пред 100 години населението броело само 2 милијарди луѓе.

10. Прегладнета мечка на Арктикот

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Овие фотографии најдобро ги прикажуваат проблемите од глобалното затоплување. Поларните мечки ловат фоки од мразот во океанот. Но, секоја година мразот се намалува, а ова значи дека мечките треба да живеат од мастите кои ги таложат во текот на зимата кога формирањето мраз се случува природно.

11. Огромна дамка од масло во океанот

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Секоја година, повеќе од 12 милиони тони нафта завршуваат во океаните. Најчесто ова е поради протекување од оштетените бунари и танкери. Околу 25% од морската површина се покриени со слој нафта со различна дебелина. Во 2010-та година, експлозијата на нафтената платформа Deepwater Horizon резултираше со протекување на 1.000 тони нафта во океанот. Компанијата British Petroleum потрошила милијарди евра за да го исчисти отпадот, но и покрај сите обиди успеале да отстранат само 75% од запаливата супстанца.

12. Вистинската состојба на океаните

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Фотографијата со морското коњче се прослави многу брзо бидејќи е одличен приказ за моменталната состојба на океаните. Секоја година 260 милиони тони пластичен отпад завршува во океаните. Ова резултира со формирање на огромни пластични континенти. Најголемиот се наоѓа во Тихиот Океан и зафаќа 10% од неговата површина.

13. Кит загушен од пластичен отпад

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Проблемот со загадувањето од пластика станува посериозен секоја година. Има многу случаи каде што китовите се загушиле од отпадот и се насукале на бреговите. За да се подигне свеста за проблемот, луѓето од Greenpeace Philippines поставиле реплика од мртов кит. Целата инсталација е направена од пластичен отпад собран од океаните.

Како луѓето можат да ѝ помогнат на планетата?

Луѓето почнуваат да ги сфаќаат овие проблеми посериозно. Се појавуваат многу фондации за поддршка на природата. Властите почнуваат да одделуваат пари за заштита на флората и фауната и донесуваат закони кои ѝ се од корист на природата. И научниците даваат голем придонес и постојано работат на создавање подобри услови за иднината на нашата планета. Сето ова ни дава надеж дека негативните предвидувања можеби нема да се исполнат.

Погледнете како да го намалите загадувањето на водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар