12 уникатни луѓе со необичен изглед
7. Мелинда Мун
Како и Луис Падрон, така и оваа млада Канаѓанка сакала да стане елф. Но, таа не претерала со пластичните операции и само ги направила своите уши шилести. Мелинда вели дека децата многу ја сакаат и се однесуваат многу добро во нејзина близина.
8. Дерил Белмарс
Дерил сакал да ги има најголемите уши на светот, и го направил тоа. Поточно, станува збор за ушните ресички кои ги истегнувал со години, а сега може слободно да ги стави околу главата. Ова го правел само од забава.
9. Грејс Неутрал
Грејс се прославила благодарение на модификациите на нејзиното тело, а најпрепознатливи се нејзините целосно сини очи. Кога ја прашале зошто го правела ова, Грејс изјавила дека сака да го истражува нејзиниот изглед.
10. Ајрис Апфел
Ајрис е 96-годишна дизајнерка од Америка за која годините се само број. Таа има вистински стил кој го следи веќе 70 години. Таа се шегува и за себе вели дека е најстариот тинејџер на светот. Исто така изјавила дека ако некој не ја сака, тоа е негов проблем, а не нејзин. И сосема е во право.
11. Анџелика Кенова
Рускиот модел Анџелика е вистинска Барби кукла. И тоа не само затоа што изгледа како неа, туку таа сè уште живее со нејзините родители кои не ѝ даваат да се состанува со момчиња. За да ја одржи својата фигура таа следи строга диета и програма за вежбање. Вежба 2-3 часа на ден, 5 дена во неделата. Уште поинтересно е што таа нема направено ниту една пластична операција.
12. Енигма
Енигма е мистериозен голтач на мечови кој го претворил своето тело во уметничко дело. Тој истетовирал огромна сложувалка дури и на неговото лице. Овој изглед го направил славен: Тој се има појавено во „Досиеја икс“ (The X-Files) и во „Шоуто Пен и Телер“ (Penn & Teller Show). Можеби сметате дека навистина претерал, но сепак тоа е негов живот и негово тело и не би требало да ни е грижа.
Кој знае, можеби за половина век ништо од ова нема да ни изгледа чудно. Сепак пред само 80 години било незамисливо за жените да носат панталони.