12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат
7. Диета визија
Оваа диета е смислена од еден Јапонец во 2000-тите. Според него, црвената и жолтата боја предизвикуваат апетит, додека сината не. Неговата теорија е дека носењето сини очила ќе направи храната да ви изгледа помалку привлечна и ќе изедете помалку. Но нема никаков доказ дека овој трик функционира.
8. Диета со џвакање
Хорас Флечер го прославил трендот на џвакање на храната од 32 до 80 пати до тој степен што ќе ја направите течна, и плукање на остатокот. Иако нема никаков научен доказ дека оваа диета функционира, сепак ја следеле луѓе како Џон Д. Рокфелер, Франц Кафка и претседателот Теодор Рузвелт.
9. Диета „Енди Ворхол“
Во неговата книга „Филозофијата на Енди Ворхол“ (The Philosophy of Andy Warhol), овој уметник ја споделил својата диета. Тој изјавил дека секојпат кога одел во ресторант порачувал храна што не ја сака. На крајот му го пакувале речиси целото јадење, па им го давал на бездомниците.
10. Диета со колачиња
Оваа диета е создадена од доктор Санфорд Сигал во 1975-та година. Целта на диетата е да изедете 6 посебни колачиња дневно наместо појадок и ручек, а за вечера да имате здрав оброк контролирајќи го внесувањето на калориите. Бисквитите се направени од овес, овошје и аминокиселини и доаѓаат во повеќе вкусови. Некои нутриционисти не се сигурни дали оваа строга диета е доволно добра за здравјето.
11. Диета за целосно чистење
Оваа диета која ја прослави Бијонсе вклучува замена на традиционалните оброци со специјално подготвена лимонада за детоксикација направена од лимонов сок, свеж јаворов сируп и бибер. Проблемот е што иако брзо ќе ги изгубите килограмите, уште брзо ќе ги вратите штом ќе се вратите на стариот режим на исхрана.
12. Диета крпење на јазик
Крпењето на јазикот е измислено од пластичниот хирург д-р Чугеј. Во оваа процедура се закрпува парче на јазикот со неколку конци. Поради зафатот, јадењето тврда храна станува болно, па луѓето се присилени да консумираат само течности. Пациентите се со закрпен јазик околу еден месец, а потоа имаат уште една операција за отстранување на конците.
Прочитајте и кои се сериозните последици од јо-јо диетите на кои треба да внимавате.