12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити
7. Тркање со бамбуси
Овој спорт е познат во Југозападна Кина. Натпреварувачите стојат на трска од бамбус која е долга околу 7 метри и користат друга трска како весло. На почетокот ова претставувало начин на транспорт во Кина, а не спорт.
8. Екстремно пеглање
Натпреварувачите се нарекуваат себеси „пеглачи“ и одат на навистина опасни места со нивната даска за да пеглаат. Активностите можат да вклучуваат пеглање под вода, на врв на планина, во подвижни возила, во кану, или пак за време на летање со падобран.
9. Борење со прсти на нозете
Во овој необичен спорт, двајца натпреварувачи се обидуваат да го задржат стапалото на противникот на земјата барем 3 секунди. Има 3 рунди кои се играат со левото, а потоа 3 рунди со десното стапало. Овој спорт датира од 1976-та година кога една група луѓе се обидувале да смислат спорт во кој би победувале само Британците.
10. Тркалање трупец
Двајца натпреварувачи се обидуваат да стојат на трупец кој плови и пробуваат да го натераат противникот да падне. Натпреварувачите можат да користат разни техники за да победат како удирање на трупецот, менување насока и слично. Сепак, не им е дозволено да се допираат или да го поминат централниот дел.
11. Подводно боксување
Можеби звучи чудно, но овој спорт е одличен за луѓето кои сакаат да почнат со боксување, а не ги сакаат ударите. Боксерите потребно е да го држат својот воздух цела минута. Има 3 рунди и излегуваат над вода помеѓу секоја.
12. Броење овци
Во изминативе години броењето овци станало многу популарно во Австралија. Наспроти мислењето дека броењето овци ќе ве заспие, овој спорт бара внимание и остро око. Се пуштаат околу 400 овци кои трчаат покрај 10 натпреварувачи, кои пак пробуваат да ги избројат што е можно поточно. Личноста којашто ќе го каже точниот број е победник.
Погледнете и кои се најекстремните спортови во светот.