12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени - Part 2

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

7. Привремен пријател или член од семејството

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Постојат многу осамени луѓе кои би потрошиле одредена сума пари за одвреме-навреме да имаат друштво. Поради ова постојат компании кои вработуваат луѓе регистрирани како „пријатели“, кои пак се најмувани од луѓе кои сакаат малку друштво. Овие луѓе им плаќаат на „пријателите“ директно, а му плаќаат и на веб-сајтот за услугата. Ва Јапонија пак постојат компании од кои можете да изнајмите цели семејства.

8. Гостин на венчавка или други важни настани

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Речиси секој сака голема венчавка, но не сите луѓе имаат толку многу пријатели. За среќа, постојат компании од кои можете да најмите луѓе кои ќе глумат гости на вашата венчавка, или на некој друг важен настан.

9. Пазарување за други луѓе

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Освен ако самите не ја одгледувате вашата храна, веројатно често одите во продавница. Но многу луѓе се навистина зафатени, или не се во можност да го напуштат нивниот дом за да го направат ова. Поради тоа, постојат луѓе кои го пазаруваат за нив. Некои луѓе започнуваат свој бизнис, а некои маркети нудат достава до дома, па тие најмуваат купувачи.

10. Спиење

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Навистина нема полесна работа од оваа. Постојат разни причини зошто луѓето се најмени да спијат – научни истражувања, тестирање на кревети, па дури и за уметнички изведби. Понекогаш кога спиењето треба да биде на подолг период, на „спијачите“ им се даваат лекови за спиење.

11. Слушање музика

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Многу луѓе слушаат музика додека ги завршуваат секојдневните обврски. Постојат многу компании кои би ви платиле да слушате музика. Најчесто ќе имате задача да пишувате и рецензии за музиката што ја слушате.

12. Држење до секојдневна рутина за вежбање

12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

Многу често луѓето сметаат дека се премногу зафатени поради работата, па немаат време за вежбање. Но, има решение и за тоа. Постојат места кои всушност би ви платиле да ослабите. Најчесто овие места работат на истражувања за слабеење и бараат луѓе кои ќе ги тестираат нивните рутини.

Дали знаете кои се најопасните професии во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар